Дом и семејство

Да се осигураме или не – дали ни е потребна полиса за животно осигурување?

Најчест проблем и причина за негативен став кон животното осигурување е неинформираноста.

Една од најважните работи кои треба да ги знаете за животното осигурување во моментот кога го правите е дека тоа е долгорочен финансиски програм, каде има ограничувања во поглед на прекинување и подигнување на вложените пари. Оние кои не биле информирани за овој факт, најчесто подоцна имаат негативно мислење за животното осигурување.

Така често можеме да слушнеме : Замисли, го прекинав животното осигурување и после три години што сум уплатувал полиса не добив речиси ништо! Повеќе никогаш, животното осигурување не се исплати, тоа е измама…

Проблемот всушност е во недоволната информираност. Животното осигурување пред се претставува програм кој во себе комбинира и штедење и осигурување. Со оглед на тоа дека осигурувањето покрива некој ризик, на почетокот на договорот најголемиот дел од нашите уплати одат токму на плаќање на тој ризик. Тука секако треба да се има предвид дека ако сме направиле договор за 400 Еур годишна уплата, на 30 години траење, ние од првиот ден на активирање на договорот имаме на располагање Осигурана сума отприлика околу 11.000 – 12.000 Еур која може да биде веднаш исплатена во ситуација на смрт или болест.

Во ситуации на финансиски проблеми кога треба да кратиме некои трошоци, јасно е дека нешто треба да се жртвува. Затоа, добро е да се знае дека прекин и откуп на полисата за животно осигурување во првата третина од нејзиното траење е неисплатливо. Наместо паника, треба квалитетно да се информираме за сите опции и промени кои ни се на располагање и кои можат во таа ситуација да ни понудат подобро решение.

Сакаме да ви помогнеме да ги надминете недоумиците и сите нејаснотии во однос на оваа проблематика. Да ви овозможиме без предрасуди, со точни информации и факти да можете да разберете какви бенефити би имале со вакви решенија, кои повеќе од 100 години се применуваат во Европа и цел свет. Па, доколку имате било какви дилеми во врска со оваа проблематика, тука сме да ви помогнеме. Ги очекуваме вашите прашања на:

Mail: all_insurance@t.mk
Тел: 076/ 317-930
Јасминка Стојановска
Лиценциран застапник за Осигурување

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close