MAMAДом и семејство

5 работи кои ги прават добрите родители. Колкумина ќе се препознаат во нив?

Многу е тешко да се дефинира што е добро родителство и сето тоа зависи од различните мислења кои ги имаат луѓето. Сепак, родителството е доживотна задача, а еве што ги одликува добрите родители.

1. Добрите родители сфаќаат дека нивниот брак не е само нивна работа, туку и начин на кој детето учи како да се однесува во иднина. Нетолеранција, бес, нељубезност… сето тоа се пренесува од генерација на генерација.

2. Добрите родители им покажуваат грижа и почит на своите деца и наоѓаат различни начини на кои може да се пврзат со нив, дури тоа и да не е по нивна волја.

3. Добрите родители ги негуваат добрите односи помеѓу браќата и сестрите, бидејќи сфаќаат дека таа ќе биде една од најзначајните врски во нивниот живот.

4. Добрите родители покажуваат ист ентузијазам кон првото и кон последното дете, без разлика дали е тоа за некоја мала работа или пак за донесување важна одлука.

5. Добрите родители во секој момент знаат кој веќе одрастел, а кој останал дете. Нивните очекувања постојано се прилагодуваат на потребите на децата.

Tags

Препораки

Close
Close