Градинка

Престанете да ги очекувате овие работи од вашите деца

Сите очекуваме одредени работи од нашите деца.

Понекогаш очекуваме нашите деца да не’ слушаат повеќе, понекогаш сакаме да направат нешто „нереално“, а многу пати ваквите очеквуања донесуваат повеќе штета отколку корист. Многу често ни самите не знаеме што точно очекуваме од децата и како да се поставиме кон нив. Но, овие работи дефинитивно треба да престанете да ги очекувате од нив.

Очекувате цело време да бидат „добри“

Ако размислете малку подобро, очекувањето децата да бидат добри цело време, нема смисла. Никој не е постојано добар и послушен. Секој има лоши денови. Секој има денови кога едноставно ништо не му е погодено. Секој има денови кога е тажен, нервозен, луд, фрустриран…

Очекувате да се однесуваат посериозно отколку што им го бара возраста

Децата имаат различни начини на однесување: во една минута може да бидат ангели, а другата целосно да ве полудат. Понекогаш се љубопитни, понекогаш тикви. Децата се однесуваат во склоп со нивните години, но запаметете дека тие треба и да истражуваат, да испробуваат нови работи. Дозовлете им да уживаат во детството, дури и ако тоа вклучува играње со играчки со кои мислите дека одамна требало да престанат да играат.

Очекувате да се однесуваат како другите деца

Речиси сите ги споредуваме своите деца со другите – свесно или несвесно. Но, кога тоа го кажуваме со зборови, треба да бидеме особено вниамтелни, затоа што таа спроедба може навистина многу да наштети. Некои истражувања покажуваат дека неповолната споредба на браќата и сестрите може да има многу негативни последици за оние кои се сметаат „помалку компетентни“.

Очекувате да се однесуваат во склад со нормите и правилата

Дали сте забележиле дека понекогаш различно реагирате на однесувањето на детето, во зависност од тоа дали сте во друштво или сте сами? Всушност, многу наши родителски навики се диктирани од околината. Можеби не се сложуваме со сите социјални норми и вредности, но секако се обидуваме тие да му ги наметнеме на нашето дете.

Очекувате целосно да се поразлични од вас

Децата, посебно кога се мали, често се како своите родители. Ако ве гледаат како штедите, поголема е веројатноста дека и самите ќе штедат. Кога негативно гледаме на животот, и самите ќе развијат песимистички став.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close