MAMA

Никој не знае да сака и да се грижи како што знае МАМА

Мајка - збор со огромна тежина.

Многу луѓе доаѓаат и си заминуваат од нашиот живот, но само мајката и нејзината безусловна љубов никогаш нема да не’ напушти. Мајчината љубов секогаш ги победува сите неволји и потешкотии.

Мајчината љубов не’ води низ животот и не’ штити од сите неволји. Таа е секогаш со нас, дури и кога мајката физички не е покрај нас. Никој не сака како мајката, и никој не е во состојба да опрости и да разбере, како што тоа умее мајката. Нејзината љубов не бара докази ниту какви било услови.

Мајката е во состојба да го жртвува својот живот,с војата кариера и своите амбиции, се’ за своето дете. Нејзианта љубов е над сите времиња и простори, за неа не постои препрека. Мајката е таа која ќе ве поддржи, а не очекува никаква благодарност за она што го прави за своето дете. Ниту една жена не може да подари таква љубов, каква што умее мајката. Таа е нашата најголема поддршка и нашиот најискрен пријател. Секогаш е тука за нас – и во добро и во лошо.

Мајката е тука за да ни го покаже вистинскиот пат и да не’ сослуша кога тоа ни е потребна. Никој не знае да сака како мајакта. Таа е единствена личност која ќе ве сака и нема да бара ништо за возврат. Затоа, внимавајте на вашите мајки, сакајте ги и почесто прегрнувајте ги, затоа што тие нема засекогаш да бидат покрај вас.

Не штедете зборови на нежност и љубов кон неа и не избегнувајте ги нејзините прегратки. Чувајте ги своите мајки, тие се непроценливи!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close