Дом и семејство

Некои деца можат да го победат аутизмот- добри вести од последното истражување!

Според науката некои деца може да го победат аутизмот но сепак треба да користат терапија

Според последното истражување, некои деца можат да го надминат аутизмот,  но губењето на дијагнозата не значи дека тие деца целосно се оздравени и дека нема да се соочат со сите придружни предизвици и проблеми понатаму во животот.

Иако аутизмот традиционално се смета за доживотна состојба, доказите во последниве години сугерираат дека има деца кои „закрепнуваат“.

Новата студија нуди најголем преглед на тоа што се случува со децата кои повеќе не се сметаат за „болни“ од ниту едно пореметување во аутистичниот спектар.

Foto: Zena sam Ja/ Ilustracija

Истражувачите ги прегледале клиничките записи за 569 деца дијагностицирани со аутизам помеѓу 2003 и 2013 година, кога децата биле на возраст во просек 2,5 години. Четири години подоцна, тие открија дека 38 деца повеќе не ги исполнуваат дијагностичките критериуми за аутизам.

Сепак, сите деца, освен три кои повеќе не ги исполнуваат критериумите за аутизам, имаа други дијагнози и  им беше потребен некаков вид терапија и поддршка.

 

Foto dnevni novosti.mk

– Секако е охрабрувачки да се потврди дека подмножество на деца со рана дијагноза на нарушување на аутистичниот спектар придружено со доцнење во развојот, всушност можат да се опорават од нарушувањето и да продолжат со типично социјално и когнитивно функционирање, вели д-р Лиза Шулман од Медицинскиот факултет „Алберт Ајнштајн“, која ја предводеше неодамнешната студија објавена во списанието за детска неврологија.

 

– Овие деца сè уште се борат со секојдневниот живот во голема мера. Скоро сите сè уште треба да се соочат со тешкотии во говорот и учењето, како и со разни емоционални проблеми и однесување.

Децата чии документи беа прегледани за студијата беа дијагностицирани во програма за рана интервенција за деца со попреченост во Бронкс, а истражувачите од Њујорк велат дека поголемиот број на деца учествувале во некој вид услуга како што се применета анализа на однесување, логопед или работна терапија.

Дали аутизмот е наследен?

 

Пред извесно време Бранимир Несторовиќ, детски пулмолог, во гостувањето во емисијата „Здраво“ зборуваше за тоа кои се докажаните деформитети на мозокот кај децата кои го имаат ова нарушување, но и кои се нивните предности во однос на другите луѓе.

“Тоа е феномен што е исклучително редок, не знаеме многу за тоа. Многу се зборува за разни причини кои доведуваат до аутизам, особено за наследните фактори”, рече д-р Несторовиќ, додавајќи дека верува дека наследните фактори немаат значење за ниту една болест.

Foto: Kurir.rs/ Ilustracija

„Тенденцијата за оваа болест е наследна, но суштински најмногу влијание имаат разни фактори кои влијаат на животната средина“, рече професорот.

Сепак како што вели, причините можат да бидат секакви, од прекумерниот број на ултразвучни прегледи во бременоста, употребата на парацетамол, како и ефектите од хебицидите.

Сите овие фактори можат да предизвикаат аутизам кај голем број деца со генетска позадина.

Foto: 24 sata/ Ilustracija

 

Не само ова, туку и изложеноста на други штетни фактори може да биде причина за аутизам.

“Некои споменуваат тешки метали, жива, алуминиум а некои го поврзуваат со вакцините. Значи, гледаме дека има некои оштетувања на мозокот. Претпоставуваме дека станува збор за воспаление на централниот нервен систем”, рече професорот Несторовиќ, додавајќи дека една студија покажала дека е забележано активирање на микроглија.

“Тоа дава ново светло на болеста (аутизмот), бидејќи досега се сфаќаше како форма на психоза, ментално нарушување. Знаеме дека има воспаление со мал интензитет и овој процес го нарушува процесот во мозокот што го нарекуваме обрежување”, истакна професорот.

Пулмологот додава дека аутистичните деца имаат и телепатски способности односно тие можат да ги предвидат работите.

Ако почнат да зборуваат и развиваат вештини како и сите други деца, нивните супер способности се намалуваат.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close