Градинка

Досадни фрази на мојата мајка за кои се колнев дека никогаш нема да ги изговорам

Се сеќавате ли на оние досадни работи кои ви ги зборуваше вашата мајка додека бевте дете?

Еве неколку реченици за кои верувавте дека никогаш нема да ги изговорите, а сега станаа дел од вашиот мајчински вокабулар.

„Изеди го до крај. Некои деца немаат ни што да јадат“

Беше вистина некогаш. Вистина е и сега. Но и понатаму не е во целсот релевантно. После се’, она што нема да го изедат децата нема да ги јадат гладните деца, туку сепак кучето ќе се радува.

„Досадно ти е? Мене никогаш не ми беше досадно кога бев колку тебе“

Иронично, зар не?

„Нема да умреш од тоа…“

Ова обично доаѓа откако детето ќе се пожали од нешто.

„Не читај во мрак, ќе ослепиш“

Најчесто доаѓа со уште една омилена семејна фраза: „Не седи толку блиску до телевизорот, ќе ослепиш“.

„Кога јас бев на твои години…“

Крајот на овие реченици честопати варира, но во поголем дел има врска со нешто што во минатото било многу тешко.

„Ако немаш ништо убаво да кажеш, подобро не зборувај“

Овој глас на мајките постојано одѕвонува во главите на малите деца.

„Не ставај го тоа в уста, којзнае каде било“

Хаха, ова е добар совет, во која било доба од животот.

„Затоа што јас така велам!“

Оваа реченица е секојдневие на многу, многу мајки!

„Парите не растат на дрво“

Секако, ние тогаш баравме пари за чоколадо, кукла или автомобилче. Сега децата го бараат најновиот Ајфон… И што друго да се каже, освен да се продолжи да се изговара оваа реченица, баш како нашите мајки и татковци.

 

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close