Градинка

Неколку работи кои мора да ги знаете за да не станете токсичен родител

Ниту еден родител не е совршен...

Сите ние сме луѓе и грешиме, но постои разлика помеѓу грешките кои ги прават родителите додека со здрав разум се грижат за своите деца и оние со кои можеме на децата да им го оштетиме целиот живот. Ви откриваме неколку работи кои би требало да ги знаат оние кои не сакаат да бидат токсични родители.

Научете ја разлиакта помеѓу критикување и корегирање

На децата им треба водство за да останат на вистинскоот пат. За многу од нив, дисвиплината, самоконтролата и здравите навики не доаѓаат самите од себе, туку на тоа треба да ги научиме. Бидете им водич, а не критичар. Не нарекувајте го своето дете мрзливо или глупаво. Научете го на работна етика и помогнете му да развие академски вештини. Предизвиците и целите ги мотивираат луѓето и ги поттикнуваат се’ повеќе да се трудат.

Научете да се контролирате

Сите неи понекогаш знаеме да избрзаме. Сите викаме, И понекогаш сите полудуваме кога децата ќе ги направат нешто со што не’ нервираат. Кога ќе се случи тоа, се чувствуваме повредени, како никој да не не’ слуша и не не’ почитува. Но, ако научите да се контролирате и да ги контролирате своите реакции, на детето ќе му бидете пример за урамнотежена личност, а со тоа и самите не би направиле нешто со што подоцна би се каеле.

Не заборавајте дека и децата се ранливи

Честопати го забораваме ова, зашто децата се емоционално еластични. Прво плачат, а потоа прекинуваат. За неколку минути или за некој час, нивното расположение се менува и се’ се враќа во нормала, барем на површина. Но, некои болни искуства менуваат нешто внатре во децата. Можно е самото дете да не биде свесно за тоа, но знајте дека има чувства, како и сите ние, па затоа, бидете внимателни.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close