Брак

Неколку работи кои мажите не ги поднесуваат кај жените во четириесеттите

Дали жените сакаат исти работи како и мажите?

Многумина велат дека жената во четириесеттите е позаводлива од онаа во дваесеттите, а причината е тоа што таа жена веќе знае што сака од себе и од својот живот. Но, дали жените сакаат исто што и мажите?

Ви прикажуваме неколку работи кои мажите не ги поднесуваат кај жените во четириесеттите.

Кратка коса. Иако стилистите гарантираат дека кратката коса често ја подмладува жената, сепак, мажите навистина не сакаат да гледаат кратка коса кај своите сопруги, девојки.

Прекумерна тежина. Мажите не сакаат кога жената им е премногу дебела. Без оглед дали вашиот изглед му се допаѓа на вашиот маж или не, не смеете да дозволите килажата да ви варира премногу. Тоа пред се’ е прашање на здравје.

Лоши заби. Денес жените се спремни да даваат пари за ботокс, но не толку и за стоматолог. Тоа никогаш не смеете да си го дозволите. Здрави заби значат здрави црева, а здрави црева гарантираат добар имунитет.

Влакна на надусниците. Секоја негувана жена со восок редовно ќе си ги отстранува непотребните влакна.

Рамни обувки. Можеби повеќе не можете да поднесете да одите на потпетици, но токму тие, за мажите, се одраз на женственост. Не мора тоа да бидат потпетици од 15 сантиметри, доволно е да носите мали кои ќе ви го издложат изгледот и нозете и ќе ви дадат повитка линија.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close