Брак

Најважната вистина за љубовта која мора да ја знаете пред да стапите во брак

Почетната фаза на една љубовна врска во жаргонот честопати се нарекува „фаза на меден месец“.

Почетната фаза на една љубовна врска во жаргонот честопати се нарекува „фаза на меден месец“. Пеперутките во стомакот полудуваат, непрекинато мислите на личноста во која сте заљубени, се развеселувате веднаш штом ќе ви го споменат неговото име и едноставно не можете да се заситите еден со друг. Ја замислувате заедничката иднина, смислувате имиња за вашите деца и градите имагинарна куќа. Сé ви изгледа совршено и на вашата среќа ѝ нема крај.

Бруталната вистина за која никој не се осмелува да зборува: љубовта не гарантира добар секс >>

Тогаш сте сигурни дека тоа чувство ќе трае засекогаш, но вистината е дека и тоа има рок на траење, а тоа е докажано и од страна на научниците. Имено, тие утврдиле дека фазата на меден месец трае отприлика околу една година. Толку е потребно за да падне нивото на хемикалиите во мозокот поврзани со интензивните романтични чувства и да се вратите во реалноста. Психологот Хелен Фишер, експерт за односи, вели дека намалувањето на интензитетот на чувствата е потребно, затоа што за човекот не е ниту здраво ниту корисно да поминува повеќе време во состојба на висока анксиозност и да биде фокусиран само на една личност.

Што мислите, што ќе ве направи посреќни – секс или зголемување на платата >>

Поради силните емоции кои постојат на почетокот на љубовната врска, паровите може да побрзат со стапување во брак, па потоа да се разочараат. Ова е причината поради која експертите препорачуваат да размислите добро пред да го кажете судбоносното „да“, а исто така и да поминете доволно време со вашиот партнер надвор од фазата на заљубеност.

Facebook Comments

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close