Брак

3 работи кои родителите навистина ги прават кога децата спијат

Кога децта спијат, тоа е магично време.

Кога ќе станете родител, ќе слушнете многу предлози за тоа што би требало да правите додека вашите деца спијат. Тоа време, без разлика дали станува збор за попладневна драмка или за спиење преку ноќ, се чини магично време. Еве неколку работи кои родителите навистина ги прават во тие моменти.

Седат на каучот и уживаат во моментите сами со себе

Децата се многу слатки, но понекогаш знаат да бидат многу напорни, да се качуваат врз вас, да ви поставуваат илјада прашања, да преговараат, при што понекогаш имате чувство дека ќе „пукнете“. Затоа, кога децата спијат многу родители седат и уживаат во мирот, обидувајќи се да ја искористат секоја секунда и да се наполнат со енергија.

Секс

За родителите на мали деца, постојат само неколку прилики кога може да уживаат во секс: попладневниот сон, вечерните часови кога децата спијат и кога децата се со некоја трета личност. Сите опции имаат свои мани, дремките најчесто не треаат долго, а кога децата заспиваат навечер, вие сте премногу уморни за било што. Но, она што е сигурно: ако имате избор помеѓу секс и чистење на куќата – одберете секс.

Спијат

Откако ноќта сте спиеле само неколку часа, многу е лесно дента да заспиете со децата… Но, верувајте, попладневната дремка по цела вечер не спиење е една од најдобрите работи во животот!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close