Брак

Секс после децата: Ако мајката не е среќна, не е никој

Сексуалниот живот најмногу доаѓа до удар кога мајките се под стрес

Сите знаеме дека детето влијае на сексуалниот живот на паровите. Но, очигледно не е само тоа дека се чувствуваме лишени од сон и истоштени, туку и поради времето. Според едно ново истражување, кога мајката е под стрес и загрижена поради своите родителски вештини, количината на секс исто така може да се намали.

Истражувачите интервјуирале 169 хетеросексуални парови кои неодамна го добиле своето прво бебе – прво во шест месеци, а потоа повтрно за година време, со цел да откријат кои фактори најмногу придонесуваат за ниското сексуално задоволство на паровите откако ќе добијат дете. Тие откриле дека мајчиниот стрес не влијае само на нејзиното сексуално задоволство, туку и на нејзиниот партнер.

Меѓутоа, кога таткото бил под стрес, нивото на задоволство останало исто. Па, секако. Експертите велат дека тоа би можело да биде поради тоа што жените во главно ја носат поголемата одговорност за грижата на своето бебе и затоа што општеството остава поголем притисок на нив тие да бидат совршени.

Обврските никогаш не завршуваат, пазатоа многу е важно жената да биде одморена. Обидете се да уживате во искуствата на родителството како што доаѓаат, но не заборавајте и на вашиот партнер, кој ви дава дополнителна енергија и мотивација.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close