Кафе муабет

Неделен хороскоп од 26 октомври до 1 ноември: Кој го чека прилив на пари?

Дознајте што ви предвидуваат ѕвездите за оваа недела.

Што вели неделниот хороскоп за крајот на октомври и почетокот на ноември? Кој го чека нова љубов? Дознајте во продолжение!

Овен

Зад вас не е толку лесен период на деловно поле, но секако, вие не се откажувате, туку само малку сте уморни. На љубовно поле вешто ќе го користите својот шарм во различни ситуации и неуморно ќе смислувате необични планови. Ве чека ново познанство кое ќе ве заинтересира, но ќе бидете дискретни во однесувањето.

Бик

Ве иритира тоа што партнерот мисли дека на сите полиња знае подобро од вас. Поради различни емоции кои ќе ве следат овој период, во друштвото на приајтелите повремено ќе се делувате малку напнато. Крајот на неделата не е толку плоден за вас во однос на работата. Се надевате на подобро, но ве мачат многу проблеми на овој план.

Близнаци

Вашата работа ќе ви донесе особена радост и задоволство и ќе ве исполни во целост. Што се однесува до љубовта, полесно ви е кога држите дистанца од одредени личности и смирено го анализирате својот однос со саканата личност.

Рак

Во овој период ќе имате малку повеќе работа од вообичаено, а дополнителните обврски малку ќе ве оптеретат. Ве очекува и прилив на пари, затоа што се држите до правилото кој дава тој и добива. Доколку сте слободни и млади, ве чека нова средба која ќе ве поттикне на страст, а исто така ќе ве исполни со пријатно чувство. Препуштете му се на љубовното задоволство и уживајте.

Лав

Оваа недела ќе настојувате да промените нешто на деловен план, затоа што сакате да правите работи кои ве исполнуваат. На љубовно поле избегнувајте авантури, а своето внимание посветете го на некоја блиска личност.

Девица

Се трудите, но имате чувство како нешто постојано да ве измачува. Премногу сте благи и потребно е да понекогаш да покажете заби, за да го добиете она што го сакате. На љубовно поле потребно е повеќе да се прилагодите и да искорените некои стари навики. Постапувајте во однос на своите чувства и интуиција.

Вага

Не одбивате зададени обврски, а тоа може да ви дојде преку глава. Имате впечаток дека немате доволно пари, а не размислувате да уживате во свлободното време. Бидете коректни кон својот партнер, затоа што недоразбирањето може да ви создаде нови проблеми кои ќе ве оддалечат од заедничките планови.

Скорпија

Вашите сила и енергија оваа седмица ќе дојдат до израз и ќе настојувате да се покажете во најдобро светло пред надредените. Но, не претерувајте во тоа. Што се однесува до љубовта, не можете многу да постигнете со зборови, но затоа со одредени постепки можно е да поместите многу граници.

Стрелец

Финансиската ситуација ви е малку полоша отколку што очекувавте. Давате се’ од себе за повторно да вложите време и пари за да го вратите стариот сјај. Што се однесува до љубовта, ќе се најдете во некои нови заплети и тешко ќе ви биде да ги урамнотежите чувствата и разумот. Повремено имате лоши проценки.

Јарец

Секој кој само плаче над своите проблеми, а не ги решава, од вас може да очекува само затворена врата. Размислете за вашите соработници и разговарајте почесто. На љубовен план понекогаш не можете да си ги разјасните причите за чудното однесување на вашиот партнер. Сепак, вие покажете си ја својата позитивна страна пред другите.

Водолија

Ја занемарувавте својата кариера поради кариерата на партнерот, но сега тоа мора да се промени. Не можете да седите само со скрстени раце. Во љубовта упорно ги игнорирате постоечките проблеми. Понекогаш е тешко да процените како другите влијаат на вашиот љубовен однос.

Риби

Оваа недела ќе имате доста ентузијазам и енергија кои можете да им ги пренесете на другите, а сепак и понатаму да останете успешни. На љубовен план променете ја својата емотивна ориентација. Потребна ви е храброст за да прозборите за некои работи пред вашиот партнер.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close