Кафе муабет

СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА КАСАНДРА, УБАВАТА АКТЕРКА КОЈА ГО ОСВОИ БАЛКАНОТ: Сите ја обожаваа- нема да верувате како изгледа денес, за неа времето застанало!

За неа годините се само бројка...

Можеби името Кораима Торес не значи многу за поновата генерација, но постарите генерации беа „луди“ по девојката по име „Касандра“, по која беа именувани дури и бебиња родени кон крајот на деведесеттите години.

За време на прикажувањето на серијата, во 1997 година, познатата Касандра стана миленик на цела Македонија и со нетрпение чекавме да видиме што ќе се случи во следната епизода.

Венецуелската актерка, која се стекна со светска слава играјќи го ликот на Касандра во истоимената латиноамериканска сапуница, изгледа неверојатно по повеќе од дваесет и четири години од емитувањето на популарната серија!

Од нејзините фотографии и видеа што ги објавува на социјалните мрежи можеме да видиме дека изгледа како да се замрзнала во времето – многумина би кажале дека воопшто не е остарена, и дека и денес е баш како и пред речиси три децении кога беше во посета на Македонија.

Кораима Торес воопшто не се шминка и нема потреба затоа што е исклучително убава и без тоа, дури и на 47 години.

Оваа актерка со текот на годините менуваше многу фази и фризури, но сега изгледа помладо од кога било. Касандра е во среќен брак од 1996 година и е горда мајка на својот Мануел Николас.

Инаку, Касандра кога беше на врвот на својата кариера, заедно со Ранду го посетија Градот на конзулите.

Таа беше главната хероина од серија што ги празнеше улиците во нашите градови, но кога се појави во Битола, нема некој што остана дома. Кога венецуелската актерка се појави на плоштадот, никој не можеше да остане рамнодушен, а актерите беа воодушевени од дочекот на Битолчани. Како тоа изгледаше можете да видите низ објективите на Димитри Гина, фотографот кој го овековечи овој необичен момент.

Од фотографиите што Касандра денес ги објавува на социјалните мрежи можеме да видиме дека таа навистина не е променета многу, но и да ја откриеме тајната за нејзиниот беспрекорен изглед. Имено, таа не ретко објавува фотографии од кои можеме да видиме дека редовно вежба, но и дека квалитетно и здраво се исхранува.

Серијата Касандра беше првата латиноамериканска теленовела прикажана кај нас која привлече огромно внимание и за која до ден денес се зборува, особено помеѓу постарата генерација. Серијата имаше 150 епизоди, а последната епизода се снимаше во 1993-та година, и набрзо потоа влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледана и најпродавана серија.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close