Новости

Македонија во канџите на короната! Расте бројот на новозаразени, капацитетите преполнети – не очекува ли италијанско сценарио?

Ќе се соочи ли Македонија со италијанското сценарио?

Ваквото сценарио н смее да ни се случи затоа што досега имавме доволно време да се подготвиме и вирусот веќе не е толку непознат како на почетокот.

Во нашата земја во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа се регистрирани 404 нови случаи, а животот го изгубиле 14 пациенти кај кои имале корона.

Во исиот период оздравеле 182 пациенти, што е помалку од половина од новозаболените. Во земјава во моментов има 7067 активни случаи, а од почетокот на епидемијата Ковид 19 е дијагностициран кај 26.394 лица, а вкупно животот го изгубиле 897 лица, што е околу 3.4 проценти.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека покрај капацитетите во другите градови и болниците во Скопје се преполнуваат со ковид-пациенти, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје.

„Заради исполнетите капацитети за сместување на ковид-пациенти во целосна координација сме за префрлање на пациенти од штипската болница во Кочани, а во Струмица, разговаравме за тоа како да се надополни кадарот, пред се, од колегите од интерна медицина и инфективното оддеделение. Разговаравме и како постепено да се подготви и новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород и за неколку денови може да биде ставено во функција, рече министерот за здравство за време на вчерашната посета на Струмица.
Истакна дека во новото болничко крило има стотина кревети, но треба соодветно да се распредели кадарот“ изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Гледаме што се случува насекаде во светот со преполнување на болничките капацитети, со мерките кои се на сила сакаме да го избегнеме тоа“ изјави министерот Филипче.

Притисокот е навистина голем и искрено се надевам мерките кои ги препорачавме ќе придонесат да се намали трансмисијата на вирусот. Гледаме дека во цела Европа се преполнуваат практично болничките капацитети. Тоа е што сите земји сакаме да го избегнеме. Тоа беше разговарано на состанокот пред два дена во рамки на Берлинскиот процес чија цел е да се избегнат целосните „лок дауни“, заклучи Филипче во врска со ситуацијата во која што се наоѓа нашата земја.

Информираше дека и болниците во Скопје се преполнуваат со ковид-пациенти, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје.

Се прават подотовки за болницата во Козле и дополнитени капацитети во болницата „Осми Септември“, рече министерот за здравство, Венко Филипче. Уште еднаш потенцираше дека сегашните мерки, кои сега се на сила, имаат за цел да лимитираат некаква форма на полициски час, односно лимитирање на контактите, носење на маски и избегнување на групирање.

Заради зајакнување на капацититети веќе е најавено поставување на 16 мини Ковид одделенија.

Дел од заемот од Светската банка, наметен за зајакнување на здравствениот систем, кој изнесува 34 милиони долари, ќе се искористи токму за овие 16 мини Ковид одделенија до сите болници, каде што е идентификувана потреба, како и за опремување со медицинска опрема на секој од овие Ковид центри со мобилен рендген апарат, ЕХО-апарати и за соодветен број на тестови.

Филипче најави и дека се зголемуваат и термините, но и бројот на тестови за Ковид-19. Дадена е насока во сите лаборатории за време викендот да има дополнителни термини и да нема намалување на бројот на тестирања.

„Ги зголемуваме термините, но и бројот на тестови за ковид-19. Дадовме насока на сите лаборатории за време на празникот и викендот да има дополнителни термини и да нема намалување на бројот на тестирања.“

„Од денеска, за двојно ги зголемуваме и болничките капацитети. Со ова, значајно се зајакнува бројот на кревети за два до три пати. Но, целта не е да се исполнат болничките капацитети, туку со мерките кои стапија на сила и законските измени кои треба да поминат наредната недела со задолжително носење на маска и ограничување на собирите ќе ја намали епидемијата во земјава“.

„Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини. Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени“.

„Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close