Uncategorized

Научниците откриваат: Бебињата од само три месеци знаат кога мајката е тажна!

Тоа што се стари само 3 месеци не значи дека можете да ги излажете секогаш.

Научниците дошле до неверојатно откритие со кое велат дека бебињата на возраст од само 3 месеци може да препознаат дали сте среќни или тажни, и тоа штом ќе ве слушнат.

До ова сознание дошле научниците од Лондон, кои утврдиле дека деловите на мозокот одговорни за разбирање на говорот се развиваат порано отколку што се мислило.

Отприлика веќе со нивни три месеци, бебињата се во можност да го разликуваат говорот од другите звуци во околината и поинаку да реагираат ако се работи за тажен, среќен или неутрален глас. Научниците откриле дека нивниот мозок повеќе се активира на тага и плач, а помалку на смеа.

До ова откритие научниците дошле со скенирање на детскиот мозок.

„Гласот е едно од основните одбележја на луѓето, клучен за социјализација“, наведува водачот на истражувањето. „Затоа логично е центрите за разбирање на говорот и самиот говор да се јават многу рано“.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close