Бебе

Пејте им песни, гледајте ги в лице – активности кои се корисни за развојот на мозокот на вашето бебе

Забавни активности за секое малечко...

Со помош на овие забавни и едностави игри, помогнете му на вашето малечко да порасне.

Бебе од 0 до 6 месеци

Иако интеракцијата со бебето честопати личи на едносмерна улица, се чини дека нашиот труд и бескрајните часови пеење, играње и слично, се клучен дел за нивното рано учење. Всушност, многу повеќе работи се случуваат во таа малечка главичка, отколку што можеме да замислиме.

Според психолозите, до првиот роденден бебешкиот мозок се удвојува како последица на милион врски помеѓу мозочните келии. Затоа е толку важно да се внесе богата разноликост за сетилата во секоја можна прилика.

Зборувајте им

Зборувајте им и тоа многу. Бебињата може да се поврзат со вашиот глас и тоа може да го поттикне развојот на говорот понатаму. Читајте му од истата причина. Родителите исто така треба да се фокусираат на социјалниот и емоционалниот развој во овој период, па затоа, гушкајте го, држете се и играјте си со своето бебе и тоа многу често.

Истражување, истражување, истражување

Бебињата сакаат активности кои им овозможуваат прилики за истражување, решавање проблеми и откритија. Така, песокот, водата и тестото им овозможуваат бескрајни прилики за откривање на посебните својства на секој материјал. Еднакво добри примери се и кутиите со капаци кои бебињата може да ги отвораат и затвораат, коцките во боја кои може да се сложуваат или пластични чаши.

Играчки со текстури

Денес постојат многу играчки за бебиња со меки и вдлабнати делови кои им овозможуваат на малите да испробуваат различни текстури. Тоа им помага на бебето да го развијат своето сетило за допир.

Лежење на стомак

Преку денот, бебињата би требало да лежат на стомак, за да преминат кон следна фаза: подигање глава, ползење – кои ги стимулираат и двете страни на мозокот и поставуваат основа за читање и пишување. Дури и пет минути лежење на стомак дневно, може да има позитивно влијание на обликот на главата и да ги елиминира или да ги намали потенцијалните проблеми.

Пеење песнички

Музиката може да делува како стимуланс за побрзо да се „поврзе“ мозокот и да се забрза менталниот развој на детето. Музиката исто така може да помогне и при развојот на говорот кај малите деца. Секако е корисно да вклучувате музика во секојдневата рутина и не грижете се ако не знаете да пеете. Само бидете опуштени.

Гледајте го бебето в лице

Бебињата обожаваат да гледаат в лице. Добро би било да имате огледало во висина на бебешкото лице, со цел да има прилика да се види себеси, но потребно е да гледа и во лицето на своите родители и другите деца.

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close