Uncategorized

МИ ЗАБРАНИЈА ДА СЕ МЕШАМ: Мирко и Бојана се посебно семејство, не го знам ниту полот на бебето- Гоца Божиновска не очекуваше вакво нешто од синот!

Пејачката не смее да зборува јавно за синот и снаата...

Синот на пејачката Гоца Божиновска, Мирко Шијан и неговата избраничка Бојана Родиќ наскоро за прв пат ќе станат родители, а пејачката не крие колку е среќна што има внуче.

Сепак, Гоца која на почетокот јавно зборуваше за односот со нејзината снаа и откри како таа се снаоѓа во заедница, сега признава дека Мирко и забранил да открива било што за односот и плановите кои тие двајца ги имаат бидејќи, како што и самата истакна тие се сега посебно семејство.

– Не можам да кажам ништо повеќе. Сеуште не го знаеме полот на бебето. Повикајте ги, Мирко и Бојана, па нека ви кажат, тие сега се посебно семејство. Повеќе не знам ништо, ниту какви се плановите, ниту што прават, затоа што им пречи кога зборувам за нив во медиумите. Сега, сè ми е забрането, дури и да се мешам во плановите и средувањето на собата на бебето. Сè уште не сум била во Тител да прославам со пријателите, но овие денови треба да се организираме. Ќе биде празничен ручек за да можеме официјално да се сретнеме. Претежно сум во Краљево, а родителите на Бојана имаат разбирање за мене – откри пејачката, која планираше прва да биде домаќин на родителите на Бојана, но таа сепак ќе оди во Тител да ја побара снаата како што налагаат српските обичаи.

Пред извесно време познатата пејачка истакна дека нејзиното внуче ќе биде „крал или кралица на Сурчин“.

Гоца Божиновска планира да препише сè што има стекнато на нејзиното внуче.

– Само за да се сакаат и да бидат среќни, јас ќе направам се за да биде така сè додека сум жива – рече таа.

Таа додаде дека ги запознала родителите на Бојана, а особено се зближила со нејзината мајка Даниела и дека тие со нетрпение го очекуваат доаѓањето на новороденчето.

фото инстаграм

– Бојана и натаму е мила и добро воспитано девојче, не се размази за време на бременоста, дури и да го стори тоа, има право – рече Гоца за порталот „Мондо“.

Познатата пејачка изјави дека сè уште немала време да размислува за подарок за бебето, не знае дали тоа ќе биде златник, дијамант или позлатена лажица со иницијали.

„Сигурна сум дека сè што стекнав ќе му оставам на моето внуче. Ќе живее како крал или кралица. Ако е машко, тој ќе биде крал на Сурчин – рече пресреќната Гоца Божиновска.
Освен што истакна дека нејзината снаа е прекрасно воспитана, Гоца во една прилика проговори и за тоа каква е Бојана како домаќинка. Мајката на младиот Шијан истакнува дека Родиќ е неприкосновена во кујната, толку многу што дури и жените на педесет години не можат да и парираат.

– Тие се забавуваат, многу се сакаат и добро се сложуваат. Прекрасна е, кукла е, природно е убава, толку е образована, зборуваше Гоца за својата идна снаа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close