Кафе муабет

Кои работи не би смееле да ги перете во машина за садови?

Некои работи може да се уништат во машината за садови.

Машината за садови е многу корисна и ја олеснува домаќинската работа во кујната, особено ако семејството има повеќе членови, а со тоа и повеќе валкани садови.

Иако во машианта смееме да ги ставаме повеќето садови, сепак, постојат некои кои се забранети.

Садови и прибор за домашни миленичиња

Можеби вашето куче или маче го сметате за член на семејството, но, садовите од кои јаде храна не смеете да ги мешате со вашите чинии. Забораваете на старата легенда која сте ја слушанле, дека устата на кучето е почиста од човечката, затоа што тоа и не е баш вистина. Садовите на кучето или мачето сигурно имаат бактерии кои може да бидат отровни за луѓето. Затоа, препорачуваме да ги миете рачно.

Професионални ножеви

Многу луѓе се плашат да не се исечат додека мијат остри можеви, па затоа подобро би ги ставиле во машина за садови. Иако некои машини имаат посебни полици за ножеви, сепак, циклусите на машината и детергентите ќе ги ослабнат и со текот на времето нема да бидат толку остри.

Ренде за сирење

Не треба да се изненадите ако оваа ситница ја ставите во машианта за садови, а по перењето да ви изгледе како и да не е миена. Имајте на ум дека машината нема способност да ги собере сите остатоци од сирењето кои се вовлекле во дупчињата на рендето.

Дрвен прибор и даски за сечење

Високите температури во машината за садови се голем ризик за дввениот прибор. Врелата вода може да ги измени дрвените предмети.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close