Бременост

Работи кои ги правам во бременоста и со кои му досадувам на мојот сопруг

Бременоста е посебна состојба.

Една жена одлучила да сподели неколку работи кои секојдневно ги прави во бременоста и со кои многу лесно го изнервирува сопругот. „Би лажела кога би рекла дека не знам дека понекогаш знам да бидам прилично досадна. Еве неколку начини со кои редовно го нервирам“, пишува таа.

1.700 пати дневно го потсетувам дека сум бремена

Се изненадив како реченицата „но, бремена сум“ се вклопува во речиси секоја ситуација.

Имам желба за храна која секако ја немаме дома

Секако, желбата за таа храна не исчезнува, додека сопругот не оди во продавница.

Заспивам додека гледаме некој филм, телевизија, емисии…

Што да кажам? Потребно е многу енергија и сон, за детето да расте.

Барам идеи за разместување на мебелот во домот и тоа мора да се случи ВЕДНАШ

Зошто да се случи утре, кога може денес? Особено кога јас не сум таа која го крева мебелот!

Фрлам многу заеднички работи во ѓубре

Секако, бременоста е виновна за ова, а не јас.

Барам оброк на секој час

Не обвинувај ме мене, обвини го своето неродено дете.

Честопати барам масажа, дури и кога не ми треба

Зар мајката на твоето дете не заслужува масирање?

Ја носам неговата облека

Кој би знаел дека машката облека е најдобрата трудничка мода.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close