Кафе муабет

ФОТО: Каква мајка, таква ќерка – презентерката на временска прогноза ја покажа својата наследничка, Луна порасна во вистинска убавица

И покрај тоа што македонските презентерки на временска прогноза ретко се експонираат во јавност, за разлика од странските, не значи дека се помалку атрактивни.

Презентерката на временската прогноза на Македонската телевизија, Наташа Алексовска, може да се каже дека е една од најзгодните и најубавите жени на нашата јавна сцена.

Кариерата ја започна пред повеќе од една деценија во МТВ, каде ги водеше добро познатите детско-образовни емисии и програми како „Зимско-рекреативната програма“, „Ѕвон“, „Пулсирања“…

Секогаш дотерана, стокмена, елегантна, Наташа оддава впечаток на одмерена жена која со задоволство и леснотија си ја работи работата .Судејќи според фотографиите на нејзините социјални мрежи, таа и во домашна атмосфера изгледа одлично.

Фото: Инстаграм

Приватно, Наташа е и сопруга и мајка. Во брак е со спортскиот новинар Роберт, со кого ја имаат прекрасната ќеркичка Луна.

Луна е веќе голема девојка, а гордата мајка одлучи да се пофали социјалните мрежи и сподели фотографии од нејзиниот роденден. На фотографиите може да се види и како водителката го украсила својот дом за празниците.

-Луна! Насмевска наша, ден зимски што срце ни грее, душа од небо поширока, љубов од камен поцврста, сафиру наш што ни го обои животот во среќа! Среќен роденден! Нежност… катинар на љубов наша! –напиша во опис на фотографиите.

Наташа најчесто е закопчана „до грло“ кога на гледачите им ја соопштува прогнозата за времето, но на социјалните мрежи може да се најдат и фотографии на кои целиот нејзин ceкcипил доаѓа до израз.

 

Дека таа има што да покаже одлично се гледа на малите екрани, но и на фотографиите направени за време на летните одмори.

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close