Градинка

Кога е сосема во ред да им викате на туѓите деца?

Некои ситуации едноставно може да ве полудат.

Една од најнеприајтните ситуации во кои секоја мајка и татко се наоѓаат понекогаш, е ситуацијата кога треба да му кажат на туѓото дете да престане. Да престане да го напаѓа вашето дете, да престане да се лула на лулашката, зашто всушност и не се лула, а десетица мали стојат во ред, да му ја врати играчката на вашето дете зашто ја земало без прашање…

Но, кога е сосема во ред да му кажете на туѓото дете да престане? Еве неколку совети.

Кога вашето дете се наоѓа на мета на малиот насилник

Непријатно е чувството кога мора да ги гледате другите деца како го задеваат вашето. Во главата веќе имате сцена како излетувате кај нив со пиштоли и пушки и знаете дека таквиот пристап нема да помогне. Добриот начин да ја решите ситуацијата е да им се обратите на сите, прашувајќи ги: „Деца, што се случува? Убаво играјте си.“

Кога другото дете намерно го удира вашето

Во таквите ситуации мајката лавица во вас сигурно ќе побудали. Ако видите дека туѓото дете намерно го удира вашето (без повод или со повод), не мора ни да ви кажеме дека таквото однесување мора да го прекинете од корен. Кај таквите случаеви во ред е понекогаш и да го покачите гласот.

Доаѓаат да си играат и ја „уништуваат“ целата соба

Живеевте во заблуда дека убаво си играат, додека не влегувте во собата. Сите сложувалки извадени од кутиите, играчките по подот, лего коцките расфрлани насекаде… Книгите не можете ни да ги најдете. Смирете се, не почнувајте уште веднаш со викање.

Слушате дека користи пцовки

Откако се роди вашето дете, прозборе, прооде, внимавате на секој збор пред нив. И неговите и нејзините пријатели. А тогаш, во некоја секунда слушате како некој го уништува со години вашиот вложен труд. Доволен е еден мал збор, за да мора да почнете се’ од почеток… Брзата реакција е најважна во ваквите ситуации. Свртете се кон детето, кажете му дека ние дома не користиме такви работи и да не се обидува да ги повторува.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close