Градинка

Синдромот на заборавено дете постои и може да му се случи секому

Мозокот на ненаспиена функционира како мозок на пијана личност.

Веруваме дека многумина од вас никогаш не се сретнале со поимот „синдром на заборавено дете“ и најверојатно не знаете ни за што се работи. Меѓутоа, би било добро да се запознаете, затоа што, нажалост, може да му се случи секому.

Сигурно се прашувате како е возможно родителот да го заборави сопственото дете, но, еве неколку објаснувања.

Во 90% од случаите се работи за деца до 3 годишна возраст. Знаеме дека тоа е период кој е најнапорен за родителите. Мозокот на ненаспиена личност функционира како на пијана личност. Родителите се и под стрес поради бројните обврски, концентрацијата им е на илјада страници и често мора да прават многу работи во исто време. Особено, ако детето спие во седиштето и не прави никакви звуци кои би го потсетиле родителот дека е таму.

Никогаш не оставајте го детето само во автомобил, дури ни за кратко

Многу често се случува родителите да излезат од автомобилот „само на неколку минути“ за да завршат некоја обврска (одење до банка или пошта), а детето да го остават да чека, затоа што и онака ќе бидат брзи. Но, некогаш детето само може да се заклучи во автомобилот.

Поради незнаење и невнимавање на родителите, страдаат децата. Треба да знаете дека за само 10 минути температурата во автомобилот може да се подигне и за 20 степени, без оглед на вклучената клима и умерение температури. Детскиот организам е мал и работи побрзо од нашиот, што значи дека побрзо се загрева.

Затоа, детето никогаш, ама баш НИКОГАШ не оставајте го во автомобилот. На задното седиште оставете си некои работи, па кога ќе се свртете да ги земете, ќе го видите и детето. Автомобилот секогаш заклучувајте го, за детето да не влезе без ваше знаење.

Можеби овие совети ќе ви изгледаат смешни и непотребни, но на уморните и преоптеретени родители им требаат едноставни и конкретни совети на чијашто основа ќе можат правилно да изреагираат. Она што на другите им изгледа смешно, може да биде корисно во многу ситуации.

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close