Брак

Сексуалниот живот не престанува по раѓањето на децата: Прилики за секс кога сте родители

Идеални шанси за секс кои можете да ги користите кога ќе станете мајка и татко.

Сексуалниот живот не престанува откако ќе родите деца, но сепак, бидејќи сте со премногу обврски и премногу изморени, сигурно можностите за тоа ќе ви станат поретки. Но, ние ви издвојуваме неколку прилики кои можете да ги искористите за секс на брзина.

На брзина, попладне, додека децата спијат

Децата заспаа и вие имате уште еден куп обврски да ги завршите, но почнувате да размсилувате за секс. Ќе завршите ли се’ пред да се разбудат малите? Оние кои се водат по изреката „еднаш се живее“ ќе го искористат моментот за свое задоволство!

Вечерата може да причека

Постои момент кога храната може да почека, а ова е еден од тие!

Брзо, уште не се се разбудиле!

6:30 наутро, а децата уште спијат… Да се осмелите ли? Ќе стигнете ли? Се’ е подобро отколку ништо, зар не?!

Слободна вечер

Децата изразија желба да останат кај баба и дедо… Слободна вечер е… да се чисти или да се ужива? Изборот е ваш!

Полноќна игра

Изморени, со еден куп мисли за утрешниот ден… Но сепак, полноќните игри може да бидат доста интересни!

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close