Градинка

Друштво на децата им се другите деца, а не бабите и дедовците

Децата сакаат да си играат со нивни врсници

Децата треба постојано да си играат, да скокаат и да трчат. Понекогаш ќе се повредат и се’ додека е мала повреда, тоа е во ред. Мозокот се развива со стимулација, а најголема стимулација е играта.

Она што сите родители треба да го знаат е дека детето негде на возраст од својата петта до шеста година станува социјално битие. Тоа е вжано затоа што родителите честопати избираат погрешни спортови за деца, па така малите на возраст од три или четири години ги запишуваат на фудбал. Тоа е бесмислено.

Детето до 5 години е себично, живее во свој свет. Ни нивните другари го немаат кон нив тоа чуство на пријателство, кое ќе го имаат подоцна во животот. Колективните спортови не се за мали деца под 6 години.

Не дека не треба да поминува време со своите баба и дедо, но сепак, на детето му треба и игра со другарчињата. Детето кое си игра со другарите смислува разни игри и приказни и активира различни делови на мозокот, а тоа е она што на нив им е потребно. Така, децата треба да ги носите во градинки, игротеки, игри на отворено, но секако, не треба со ништо да претерувате.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close