Кафе муабет

Како на децата да им ја всадите љубовта кон читањето?

Дознајте што можете да направите за вашето дете да го засака читањето.

Читањето и поттикнувањето на читање е важно за социјалниот, интелектуалниот и емоционалниот развој на детето. Поставувањето на добра основа во детството е она што може да го направат сите родители.

Во продолжение дознајте неколку совети што можете да направите вие како родител за на вашите деца да им ја всадите љубовта кон читањето.

Рано запознавање со книгите

Раното запознавање со книгите е првиот чекор за учење на читањето подоцна во животот. Иако петтата година е идеалното време за започнување со формален пристап на читање, сепак, запознавањето на бебињата со книгите е важно за поставвуање темели. Кога станува збор за воведување книги, не постои зборот „прерано“.

Нека читањето стане дел од вашето секојдневие

КОга станува збор за учењето на било која важна животна вештина, децата мора да ја искустат како дел од своето секојдневие.

Читајте со децата, а не НА нив

Важна е разлиакта помеѓу читањето со нашите деца и читањето на нив. Децата можеме да ги подготвиме за понатамошно читање така што ќе читаме со нив. Ако времето за читање го претворите во активност која ја сакаат децата, тоа позитивно ќе влијае на нивното чувство за читање.

Кога тие ќе тргнат во училиште, доволно ќе бидат запознаени со книгите и читањето, па брзо ќе го совладуваат градивото, затоа што читањето ќе им биде природен дел од животот.

Избирајте интересни книги

Одбирањето на книги кои им се интересни на децата, е важен дел од учењето да уживаат во читањето. Иако можеби како родители немаме контрола над сите наставни материјали на нашите деца, дома може да избираме возбудливи и интересни книги за нашите деца, на теми кои ги интересираат.

За поттикнување читање книги кај нашите деца, мора да избираме привлечни книги така што децата би го избрале читањето книги пред некои други активности.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close