Бременост

Мириси од кои бремените жени веднаш трчаат во бањата

Дали одредени мириси во бременоста и вас ве натерале да трчате во бањата?

Многу бремени жени имаат мачнини во првото тромесечје од бременоста, а дознајте кои се најчестите.

Кафе

Пред бременоста, уживавте во мирисот на свежо мелено кафе, но од оној момент кога дознавте дека сте бремени, тој мирис ве тера да трчате во бањата…

Месо

Мелено месо кое се пржи во тава. Пилешко кое се пече со зеленчук. Уф, со самото читање на овие реченици сфаќате колку ви било тешко во бременоста, зар не? Можеби и уште ви се гади?

Здивот на партнерот

Неубава причина, но бремените жени не можат да си помогнат. Здивот на партнерот честопати е доволен за бремената жена да сака да побегне.

Гел за туширање

Некои велат дека добриот гел за туширање може да ги олесни утринските мачнини, но други сметаат дека други мириси – многу слатко, многу цветно, се доволни за мачнините да станат десет пати полоши.

Цигари

Едноставно не! Мирисот на цигари нема да ви го одобрат бремените жени.

Риба

Мирисот на риба која се готви, па и малку да е, означува ноќна мора за секоја трудница.

Мирис на туѓо тело

Мирисот на пот на луѓето кои седат или стојат поблиску до вас во автобус, воз, многумина не моажт да го поднесат. Како тогаш да го поднесе една идна мајка и нејзиниот пречувствителен нос?

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close