Кафе муабет

Александар Темелков: ГРАНД МИ БЕШЕ ГОЛЕМО ИСКУСТВО И РЕКЛАМА – Импресиониран сум колку македонците во дијаспората ја сакаат мојата музика

Темелков: Повторно не би се појавил во никакво шоу, одам напред со кариерата

 

Јавноста и публиката го запозна по неговото учество во српското музичко шоу ,,Ѕвездите на Гранд’’.

Фото/Приватна архива

Младиот велешанец се најде во центарот на вниманието кога театрално, пред камерите, ја напушти емисијата со оглед дека не доби доволно гласови за следниот круг.

Фото/Приватна архива

Но животот оди понатаму, а шоуто мора да продолжи.

Темелков  е решен да успее и не се откажува од својата кариера.

Фото/Приватна архива

Имено, тој досега покажа дека успехот доаѓа само со труд и макотрпна работа , па во ниту еден миг не застана и покажа дека може и умее.

За искуството во Ѕвездите на Гранд, неговата сегашна кариера, неговите песни кои буквално направија бум на македонската естрадна сцена и за тоа што е следно од Александар Темелков дознаваме од интервјуто за Гламур Магазин.

Фото/Приватна архива

Александар, како си?

Супер сум. Ви благодарам на прашањето.

Со оглед на тоа дека неодамна ја заврши твојата прва турнеја, во Торонто, Канада, ајде сподели импресии со нас. Задоволен ли си од турнејата?

Презадоволен сум од својата прва турнеја. Импресиониран сум и презадоволен како ме прифати публиката која што доаѓаше на моите настапи!

Фото/Приватна архива

Како те пречекаа таму, од кого беше поканет, со кого соработуваше?

Бев поканет од Управата на црквата Св Климент Охридски од Торонто – Канада на чело со претседателот Владе Димитриевски. Пречекот беше навистина на највисоко ниво!  Благодарам за гостопримството и што ми овозможија да се чувстувам како дома.

За Новата Година настапував во Црквата Св Климент Охридски во Торонто.

Со најдобрата група во Торонто, групата Балкан Ентертаимент  направивме забава на највисоко ниво.

Фото/Приватна архива

Сакаат ли македонците во Канада македонска музика?

Македонците во Канада од срце ја сакаат македонската музика. Чест и задоволство ми беше што ги отпеав моите авторски познати песни и воедно сакам да се заблагодарам на сите што присуствуваа на моите настапи и благодарност до групата Балкан Ентертаимент за големата професионалност и соработка!

Фото/Приватна архива

Јавноста те откри од твоите настапи во српското музичко шоу Ѕвездите на Гранд. Какво искуство беше шоуто за тебе?

Гранд ми беше големо искуство и добра реклама и добив голем број на публика со учеството на самото шоу.

Фото/Приватна архива

Со оглед на тоа што се случи таму, би се појавил ли повторно во некое такво или слично шоу?

Па мислам дека не би се појавил повторно во било кое шоу затоа што веќе градам своја музичка кариера. Досега имам 10 авторски песни и наскоро ќе објавам уште 2 мои песни од кои едната предвидено е да биде дует со мојот ценет колега Бејхан Рамов кој што беше победник на шоуто Никад није Касно.

Фото/Приватна архива

За тебе кариерата после шоуто чинам како да зема се’ поголем и поголем замав.

Издаде свои песни и веќе си препознатливо музичко име на нашата музичка сцена.

Кој е твој ветар во грб цел ова време?

Мојот менаџер!

После шоуто интензивно и трудољубиво заедно со мојот менаџер работевме на снимање на нови песни и настапи низ Македонија и надвор од државата,а  веќе сме во приговор и за турнеја во Америка.

Фото/Приватна архива

Колку песни се создадоа досега и имаш ли можеби некоја најдрага што ќе ја издвоиш?

Досега се создадоа мои 10 песни од коишто неколку од нив веќе се и хитови кои се доста слушани. Имам неколку мои песни што би ги издвоил како драги но не би можел да издвојам една како најдрага затоа што мислам дека секоја моја песна си е квалитетна на свој начин!

За кого пее Александар Темелков?

Александар пее за секој што сака да слуша добра и квалитетна музика.

Фото/Приватна архива

Во изминатиот период имаше и настапи надвор од Македонија, размислуваш ли да промениш живеалиште ако тоа го бара музиката од тебе?

Досега сум немал таква понуда за да останам на подолг период во друга земја, но ако ми се даде таква прилика и можност тогаш би размислувал на оваа тема.

Се живее ли од музика?

Па како нов и млад талентиран пејач можам да кажам дека се живее од музика.

Фото/Приватна архива

Која е твојата следна дестинација?

Германија, Италија и Америка.

Имаш ли понуди за настапи во странство?

Имам доста понуди за настапи во странство.

Фото/Приватна архива

Што да очекуваме следно од тебе?

Наскоро се надевам дека ке направам промоција на мојот прв албум. Поради многу обврски досега не успеав да го реализирам сето ова, но ќе надоместам!

Колку Александар Темелков се промени со текот на годините па досега?

Јас  од најрана возраст па се до сега пред се работев се трудев и учев како да се оформувам и како личност но и како естраден уметник.

Фото/Приватна архива

Кога нова песна?

Во мај месец би требало да излезе мојата нова песна која што ќе носи наслов Илјада Војници.

Што ќе им порачаме на нашите читатели?

Би им порачал да ме следат на музички план и секако да уживаат во моите песни!

Ве сака од срце вашиот Александар Темелков!

Фото/Приватна архива

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close