Кафе муабет

“Ќе ја научам ќерка ми богато да се омажи”: Јована Јеремиќ повторно на тапет- поради оваа изјава доби низа критики

Таа вели дека е силна жена која стекнала се со свои раце...

Водителката Јована Јеремиќ важи за една од најконтроверзните во регионот која е без влакна на јазик и поради тоа постојано е на тапет.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

Сега она што ја изненади јавноста е тоа што Јована се осврна на својот љубовен живот, но истакна и дека ќе ја научи својата ќерка да се омажи богато, кога се мажите во прашање.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

-Не сум раскинала, времето ќе покаже дали јас и Ненад ќе преживееме. Јас не сум жена која изневерува, но јас сум жена која многу добро знае што сака. Нормално е луѓето да се разделат ако има несогласувања. Засега добро функционираме. Немам време за губење, или некој може да ме прати и да го поддржи тоа што го правам или не може.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

Јеремиќ откри единственото нешто во кое не сака да биде доминантна.

Фото: Инстаграм/Јована Јеремиќ

– Ми се допаѓа да бидам потчинета во интимните односи, сакам да бидам женско. Таму мажот треба да биде подоминантен.

Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ

Таа не крие дека мажите имаат предрасуди за неа, но со текот на времето се разубедуваат.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

– Јас сум жена која покрај тоа што ми се многу важни материјалните работи, сакам да живеам на висока нога, но важно ми е да го имам и тој емотивен дел. Не сакам да го покажувам тоа, повеќе сакам човек да мисли за мене негативно за подоцна да разбере која е Јована Јеремиќ. Моето срце е многу тешко достапно. Мислам дека никој навистина не ме познава освен моите најблиски пријатели – вели Јована, која откри што ќе ја научи наследничката:

Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ

-Нема да дозволам да пати за мажи, ќе и пренесам се што мислам дека е важно, а тоа е да не изневерува, никогаш да не биде втора и да не зема дечко на другарка затоа што мене ми е тоа под секој морал. Ќе ја научам да биде своја, никогаш да не зависи од ниту еден маж. Жената мора прво секогаш да има сè сама, а потоа да зема од мажот. Ќе ја научам да се омажи за богат, а не за сиромав. Има една реченица што никогаш не сум ја кажала: „Кога на жената и недостасува брачен партнер, наместо Ролекс, стан во центарот на Белград и автомобил, жената добива ра-к“. Запомнете ги овие зборови на Јована Јеремиќ бидејќи ако веќе плачете, плачете во мерцедесот, не плачете на клупа. Мажот кој инвестира во жена никогаш нема да и наштети. И да ја изневери, ќе биде за една вечер, а тоа не е изневерување. Колку повеќе мажот вложува во жена, толку повеќе ја сака, се друго е лага, рече Јована.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

Поради ваквиот став, Јована може да добие низа негативни коментари, а таа сега јасно одговара:

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

– Спонзоруша не може да биде девојка која има се, туку онаа која нема ништо и сака богато да се омажи. Ќерка ми ќе има се, бидејќи потекнува од богато семејство. Нормално е дека сака да се омажи за богат, а не за некој сиромав – јасно истакнува таа и додава:

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

– Фраери секогаш ќе има за Јована Јеремиќ бидејќи е квалитетна жена. Ниту еден маж никогаш не ме изневерил. Да дознаам дека некој ме изневерил, никогаш повеќе не би го контактирала, нека оди каде што му е подобро.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

Таа истакна дека поради тоа што е силна жена ја сакаат дури и жените.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

– Тоа е добро прашање, не сум сигурна дали ми се додворуваше една. Мислам дека ЛГБТ популација ме сака затоа што сум силна жена. Никогаш не се знае, јас сум стрејт засега, но кој знае што ќе се случи ако мажите ме разочараат. Никогаш досега не ме разочарале. Тие беа и останаа мојата најголема страст – заклучува Јована.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close