MAMA

„Јас сум добра мајка!“ – нешто што треба да ви биде постојано на ум

Секојдневно изговарајте си ги овие зборови кои ќе ви дадат сила и енергија.

Колку пати сте си помислиле дека сте направиле некоај грешка при одгледувањето на вашето дете и дека би било одлично ако би можеле да се вратите на почеток? Сигурно многу!

Ги гледате другите мајки и се чувствувате лошо затоа што мислите дека тие се поорганизирани од вас. Им се восхитувате затоа што успеале на своето дете да му направат совршено мени за јадење или пак го постигнале тоа нивните деца да не седат по цел ден пред екраните. И вие се трудите, но тоа на крај не ви излегува доволно добро. И затоа се чувствувате лошо.

Кога ќе легнете во кревет и во главата ви доаѓаат работите кои се случиле тој ден, го гледате само она што сте го направиле лошо. Понекогаш поради тоа не можете ни да заспиете.

Ако се препознавте во горенаведеното тврдење, тогаш крајно време е да престанете да се фокусирате на она што го правите погрешно и да се фокусирате на она што го правите исправно.

Запаметете, можеби денес сте погрешиле, но сепак, сте направиле и доволно добри работи за вашето дете. Многу сте го прегрнувале, сте му покажале љубов, сте си играле со него, милион пати сте му рекле дека го сакате. Ги повикавте неговите другарчиња за да си играат.

Сте му овозможиле лудо да се забавува. Вечерта сте излегле да пазарувате, сте го држеле за рака и сте уживале во заедничките моменти. На пат кон дома сте му купиле играчка, сладолед, бонбони…

Сите знаеме дека понекогаш правиме грешки, но кој е совршен родител? На нашите деца не им се ни потребни совршени родители. Не им треба некој кој никогаш не греши. Потребен им е некој кој ги сака, поддржува, храбри и со нив поминува што е можно повеќе време.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close