MAMA

„Како мајка сум сериозна, жртва сум за моите ќерки“ – мајчински муабети со Агнеса Органџева

„На моите деца им е пружена несебична љубов, како од мене така и од нивниот татко.“

Себеси се опишува како среќна мајка на Вивиен и Тифани, двете ќерки без кои не би можела да си го замисли животот.

Агнеса Органџиева е убава, атрактивна и амбициозна дама. Кога ќе погледнете на нејзиниот профил на социјалните мрежи ќе видите бура од коментари од оние кои ја сакаат, но има и такви кои постојано упатуваат негативни критики. Сепак, едно е сигурно, а тоа е дека таа е жена која не може, а да не ја забележите.

фото: приватна архва

Оваа русокоса е мајка на две деца, важи за една од најубавите жени кај нас, секогаш средена од “глава до пети”, зрачи со позитивна енергија, а оние кои ја познаваат знаат дека за неа децата се центарот на светот.

Себеси се опишува како среќна мајка на Вивиен и Тифани, двете ќерки без кои не би можела да си го замисли животот.

фото: приватна архва

Иако изминатиот период медиумите беа преполни со веста дека Агнеса Орданоска сега Органџиева се разведува од нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Роберт Орданоски кого јавноста го познава како некогашен директор на АЕК сепак таа вели дека секој ден го минува со смеа и шеги со нејзините наследнички .

За mama.glamur.mk Агнеса искрено проговори за мајчинството, тешкиот период низ кој поминува но и како сето тоа влијае врз децата.

фото: приватна архва

Каква мајка е Агнеса, дали сте строга?

Јас како мајка сум доста сериозна и одговорна. Практикувам сè да е по распоред …хранење, капење, спиење, игри, бидејќи за мене секогаш е важен и корисен режимот. Можам и слободно да се наречам кралица на игрите. Иако на изглед наликувам на поладна личност, вистината е дека за мене моите деца се центарот на универзумот и секоја моја акција ја правам во име на нивната среќа.

фото: приватна архва

Ги исполнувате ли постојано детските желби?

Среќата на децата не се постигнува со постојано исполнување на нивните желби, моите деца си имаат свој свет, свои правила и се трудам да им биде магичен. Секогаш заедно се договараме и заедно работиме на остварување на некоја желба… тие се толку скромни деца што се радуваат на мала ситница и сум горда на тоа што знаат на мала работа да бидат среќни, нивната насмевка ми е најважна  и нивниот поглед  кога знам дека сум ги направила среќни.

Како ви поминува денот со Вивиен и Тифани?

Поминуваме верувајте секој ден во смеа, премногу сум позитивна мајка, поставена сум другарски кон нив и секогаш се спуштам на нивно ниво, така и јас се чуствувам како да сум вратена назад во времето. Практикуваме да пешачиме со кучињата, одиме во некое кафуле.

фото: приватна архва

Според вас што е она што ја прави среќна една мајка?

Не постои поголема жртва од онаа што ја нарекуваме мајка и што таа се прави за нас. Секоја мајка е  среќна кога знае дека нејзините деца се здрави и кога знае дека се на прав пат. Секоја мајка е среќна кога и нејзиното дете е среќно.

Омилена храна на Вивиен и Тифани?

Тагатели со кечап и сирење.

Дали твоите ќерки имаат мобилен телефон и дали неговата употреба е ограничена? Ги контролирате ли вие како мајка со кого разговараат и што споделуваат на социјалните мрежи?

Детството знаеме дека се измени со изминување на последните години… а ние треба како родители да бидеме свесни дека со него треба и ние да го смениме и нашиот пристап.  Технологијата го направи своето и ја трансформира нашата перцепција за воспитување. Затоа многу семејства што ги познавам мигрираат од кога било досега. Јас работам на друг принцип со нив како на пример подарив дом и на нашите животни, имаме две кучиња и верувале или не ќе се надоврзам на второто прашање ДА им остварив една желба им подарив змија питон, обожуваат рептили тоа е. Така да кај нас технологијата е присутна само кога е во прашање училиштето.

фото: приватна архва

На кое детско прашање немате одговор?

Кога го прочитав ова прашање вистина и јас немам одговор. Не дека ги преценувам моите деца ама сум немала од нивна страна поставено прашање каде што нема одговор. Можеби тоа произлегува од тоа што уште од многу мали бараа да им се чита од разни книги, енциклопедии од разни области…освен јас и татко им, исто така  нивните баби и дедовци максимално им се посветуваа и учествуваа во нивната едукација, сите заедно работевме на тоа.

Имате ли посебна желба за нивната иднина, со што би сакале тие да се занимаваат кога ќе пораснат?

Да имам. Мојата најголема желба е и нивната желба а таа е да заминат во некоја од европските држави на школување.

Дали имате време сама за себе и како го поминувате?

Секако дека имам, секој може да најде време кога се сака. Практикувам слободното време да го поминам во читање книги и чаша вино, а понекогаш креирам и модели кои се дел од мојата гардероба.

фото: приватна архва
фото: приватна архва
фото: приватна архва

Кој ви е омилен дел од денот?

Омилен дел од денот ми е кога по завршениот работен ден се враќам во домот и кога ќе ја видам насмевката на моите ќерки.

Со оглед на тоа што важите за добро негувана жена, со префинет стил, што е она што ги советувате вашите ќерки во однос на стилот и модата?

Во однос на насочувањето на моите деца кон стил и мода , можам да кажам дека тие се на возраст кога првенствено ги насочувам кон вредностите на животот кои сметам дека се приоритетни како доброто образование, примерното однесување и почитување на постарите, љубовта кон природата и животните , така да за сега претежно негуваме спортски стил и гардероба соодветна за нивната возраст и начин на живеење.

фото: приватна архва

За целата ситуација со вашиот сопруг, изминатиот период постојано се пишуваше и во медиумите, како тоа влијае врз децата? Има ли негативен ефект тоа што на некој начин нивните родители се постојано присутни во јавноста?

Како што веќе споменав, моите деца од моја страна, како и од страна на нивниот татко се насочени да ги согледуваат убавите страни од животот, и од двете страни им е пружена несебична љубов и поддршка , така да во однос на пишувањата во медиумите околу нашата разделба, тие во никој случај не влијаеа негативно кон нив.

фото: приватна архва
фото: приватна архва
фото: приватна архва
фото: приватна архва
фото: приватна архва
фото: приватна архва
фото: приватна архва

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close