MAMA

Јапонски метод како да воспитате генијалец

Метод кој има успешна примена во повеќе од десет земји во светот

За да израснат гениј, родителите мора да се занимаваат со своето дете од раѓање, развивајќи му ја прво десната страна на мозокот, а потоа постепено воведувајќи игри за развој на левата – гласи методот на еден познат јапонски професор кој има успешна примена во повеќе од десет земји во светот.

На родителите им се препорачува да започнат да работат со децата дома уште од рана возраст и тоа преку следниве форми:

Песнички

Важно е на детето да му се посвети време за развивање на умот, секогаш во исто време од денот и тоа така што ќе почнете со омилената песна. Професорот советува да пеете додека ги држите малите во прегратка, свртени кон вас, додека во позадина постојано свири некоја тивка музика.

Дишење

Потребно е детето да го научите правилно да дише, така што ќе вежба да дувне хартиена пчелка или пеперутка. После одредено време може да почнете да дува „во празно“.

Сугестија

Со насмевка на лицето на детето кажувајте му тикво: „Ти си посебен“, „Ти сакаш“, „Ти можеш се’“.

Имагинација

Тренирајте ја неговата имагинација, сонувајте со него, зборувајте му бајки кои тој треба да ги доврши, да доцрта некој цртеж или да измисли некое име за лик од приказните.

Интуиција

Кажете му да погодува во која рака се наоѓа нешто, со цел да му ја поттикнете интуицијата.

Гимнастика за очи

Земете ѕвонче и кревајте го горе, па потоа спуштете го доле, па лево, па десно, додека постојано ѕвонете, а малиот нека го следи ѕвончето со очите.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close