MAMA

Мистериозна cмpт на една убава млада девојка во хотел – нејзината мајката се труди да ги открие деталите

Не е прва cмpт која се случила во историскиот хотел во Ливерпул, кој бил посетен од многу познати личности

Преубава млада девојка која беше пронајдена во безживотна состојба во историскиот хотел „Аделфи“ во Ливерпул, била згмeчeна од гардеробата, откако се разбудила среде ноќ и ја помешала со вратата од тоалетот, откри нејзината мајка со скршено срце.

Клои Хејнс (21) беше пронајдена мpтва во познатиот хотел во центарот на градот, во 6:37 часот на 10ти Септември, откако службите за итна помош веднаш дошле на местото на настанот поради „грижа за безбедност“.

ФОТО: Принтскрин/Клои Хејнс

Нејзината мајка Никола Вилијамс (49), вели дека гардеробата испаднала од зидот и и’ го здробила душникот, откако Клои станала збунета од креветот, по ноќното излегување кое завршило во доцните саати.

Госпоѓа Вилијамс од Рексам во Северен Велс рече:

-Клои го напушти Пулхели околу 19:40 часот и отидоа во Аделфи на некаква вереничка забава или нешто слично. До полноќ таа доста испила и веќе била малку пиjaна, поради што нејзините пријатели ја вратиле во хотелот да преспие и тие се вратиле на забавата.

ФОТО: Принтскрин/Клои Хејнс

-Претпоставувам дека се разбудила, станала од креветот малку збунета, не знаејќи каде се наоѓа и ја отворила вратата од гардеробата мислејќи дека се работи за тоалетот или пак за вратата од која би излегла надвор од собата.

-Тоа беше голема, стара и тешка гардероба, која паднала на неа и и го здробила душникот-додаде таа.

Госпоѓа Вилијамс раскажа дека нејзиниот пријател се вратил во собата во раните утрински часови каде се соочил со страшна сцена.

ФОТО: Принтскрин/Клои Хејнс

Тој почнал да вика гласно и да бара помош, по што се појавиле неколку мажи од околните соби, кои му помогнале да ја тргнат гардеробата од Клои, но веќе било прекасно за да може да и биде спасен животот.
Зборувајќи за загубата која и се случи, госпоѓа Вилијамс рече:

-Таа премногу сакаше животни, имаше мало куче со име Арчи со кое имаат премногу заеднички слики. Мојот мал прекар за Клои беше малата птичка. Беше многу ситна и мала, а јадеше како мала птица. Беше тивка и беше личност која не зборуваше освен ако не треба нешто вистински да се каже.

ФОТО: Принтскрин/Клои Хејнс и нејзината мајка Никола Вилијамс

-Но, во последните 12 месеци таа почна да излегува од својата школка, почна да ја гради својата самодоверба и да создава околу себе свој круг на пријатели. Беше љубезна и грижлива и изгледаше како да се поврзува лесно со геј мажи. Така и го запозна пријателот со кој отиде во Ливерпул-раскажуваше таа.

Госпоѓа Вилијамс рече дека Клои уживала во својата работа како келнерка во празничниот парк, кој и обезбеди и сместување и го живеела својот најдобар период од животот дотогаш.

ФОТО: Принтскрин/Фотографија од соба во хотелот Аделфи

-Планираше да земе часови по возење и од парите кои ги заштеди планираше да патува некаде на одмор заедно со пријателите. Ги планираше сите оние работи кои се нормални за личност на 21 годишна возраст-изјави ужалената мајка.

-Клои беше преубава, но се бореше со проблемот со својата самодоверба, па дури и не беше свесна колку убава беше. Баш поради тоа и се истакнуваше внатрешната убавина-додаде таа.

-Сакам да го знам секој детал од несреќата. Не знам колку време таа била под гардеробата пред да умре, а нас ни беше кажано дека некој слушнал звуци околу 3 часот сабајлето, но не пријавил-продолжи таа.

-Не можам никако да си објаснам дека мојата ќерка веќе никогаш нема да дојде дома, поради можеби два штрафа кои не биле ставени на местото каде требало. Секоја година за Божиќ правиме семејни фотографии со сите мои деца на нашиот кауч, но оваа година некој ќе недостасува- кажа госпоѓа Вилијамс.

ФОТО: Принтскрин/Фотографија од соба во хотелот Аделфи

Потпаролот на Советот на Ливерпул изјави:

-Можеме да потврдиме дека спроведуваме здравствена и безбедносна истрага за смртта во хотелот „Аделфи“ на 10ти Септември.

Британиа Хотелс биле контактирани за изјава, бидејќи тие управуваат со хотелот „Аделфи“.

Полицијата во Мерсисајд првично уапсила тројца мажи на возраст од 26,46 и 49 години, но подоцна биле ослободени, бидејќи дошле до заклучок дека госпоѓица Хејнс починала во несреќа.Досието е предадено на судски вештак и ќе се изврши преглед пред увид на датумот кој допрва треба да се потврди.

ФОТО: Принтскрин/Хотел Аделфи утрото кога е најдено телото на Клои

По инцидентот главниот детективски инспектор Линсеј Армбрустер изјави:

-Во многу рана фаза од истрагата сме во моментов и се обидуваме да ги откриеме сите околности околу смртта на младата жена. Би ги замолил сите кои биле во хотелот, слушнале или виделе нешто во раните утрински часови да дојдат да дадат изјава.

ФОТО: Принтскрин/Хотел Аделфи утрото кога е пронајдено телото на Клои

Хотелот стана популарен помеѓу патниците кои беа доволно богати да го поминат Атланскиот океан со океански бродови како што беше Титаник на почетокот на 20 иот век. Исто така може да се пофали со многу познати личности кои престојувале таму, вклучително и поранешниот премиер Винстон Черчил, кој толку многу го сакаше хотелот што ќе биде домаќин на стратегиски состаноци во истиот во доцните 40 ти години.

Харолд Вилсон исто така поранешен премиер, беше чест гостин позади вратите на хотелот и дури имаше апартман кој го доби неговото име.

Хотелот во центарот на градот, кој за малку избегна да биде бомбардиран во мајскиот блиц во Ливерпул во 1941 година, привлече и познати личности како Френк Синатра, Џуди Гарланд и Боб Дилан.

Клои како дете

Не е прв пат некој да биде пронајден мртов во овој хотел. Аристократот Сер „Џок“ Делвес Бротон беше пронајден мртов во 1941 година откако се самоуби кога му беше судено за уб-иство на љубовникот на неговата жена.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close