MAMA

Пред и после: Откако ќе станете мајка, овие зборови имаат сосема ново значење

Откако ќе станете родител, некои зборови го менуваат своето значење.

Мислите дека годишниот одмор и попладневната дремка звучат одлично? Па, почекајте додека не станете родител! Откако ќе се роди вашето малечко, светот ќе го гледате со целосно други очи, а одредени зборови кои тогаш го опишувале вашиот живот, со децата веднаш ќе добијат ново значење. Еве некои најинтересни ситуации со доза забаво во них. Насмевнете се!

Викенд

Пред децата: Спиење без аларм и опуштено лежење преку цел ден без обврски. Ручек во 12 или 15 часот? Или можеби ручек со пријателите некаде надвор. Договорено!

По раѓање на децата: Будење во раните зори, убедување на децата да се облечат, да јадат, да се спремат набрзина… и така се’ во рекордно краток рок.

Ресторан

Пред децата: Уживање во следење на најновите рецепти, со чаша добро вино и во друштво на партнерот или пријателката.

По раѓање на децата: Обид за што побрзо ставање на храната во устата, пред вашите деца да почнат со своите „претстави“. Или ситуација број два: Обид за побрзо да се најдадете, истовремено настојувајќи детето да стави храна во уста.

Шетање

Пред децата: Романтична прошетка со партнерот. Само небото е граница!

По раѓањето на децата: Туркање на количката низ соседството, со надеж дека бебето ќе заспие.

Умор

Пред децата: Кога сте спремни за кревет по долгиот ден.

После раѓањето на децата: Кога ќе почнете да халуцинирате зашто не сте спиеле три вечери по ред.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close