Градинка

Експертите велат: Тепањето само ќе го научи детето да ги удира другите

Денес тепањето поретко се користи како начин на казнување на децата.

Се чини дека денешните генерации родители поретко ги казнуваат своите деца со ќотек, во однос на поранешните генерации, се наведува во заклучокот од истражувањето на американската академија за педијатрија, објавено во медицинското списание JAMA Pediatrics.

Според експертите, младите луѓе се склони кон тоа да не ги тепаат децата. Инаку, новата анализа користи податоци од студијата „Monitoring the Future“, национално истражување за 25 последователни групи матуранти кои завршиле средно улчилиште помеѓу 1993 и 2017 година. Секоја група повторно била оценувана неколку години подоцна.

Студијата ги исклучила паровите без деца или со постари деца, па се насочила на родители со најмалку едно биолошко или посвоено дете, односно на возраст од 2 до 12 години, кое живее со нив.

Околу 50% од родителите признале дека го удирале детето, но до 2017 година тој број се намалил на 35%. Иако тоа е одлична вест, сепак, овој број е превисок според стандардите кои во 2018 година ги поставила Американската академија за педијатрија.

Имено, педијатриското друштво сугерира возрасните кои ги чуваат децата да користат здрави облици на дисциплина, како позитивно поттикнување на убаво однесување, поставување ограничувања и поставување очекувања, без користење удирање, шамари, заканување, викање, навредување, понижување или посрамотување на децата.

„Родителите никогаш не смеат да го удираат детето и да употребуваат вербални навреди кои би го понижувале или посрамотувале детето“, велат експертите.

Научниците исто така истакнуваат дека пандемијата со коронавирусот ги блокира многуте начини за пријавување насилство, оставувајќи некои деца во мрак.

„Кога родителите и училиштата дозволуваат насилство, тоа ја зголемува подготвеноста на децата да се борат, да станат физички насилни“, велат експертите и се надеваат дека студиите како што е оваа ќе ги уверат родителите дека тепањето и сличните казни не се потребни за да одгледате „добро воспитани деца“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close