MAMA

Една мајка споделува: Грешки кои нема да ги направам со второто дете

Родителството се учи, а кога имаме искуство, се' е полесно.

Родителството се учи низ текот на годините, а не е толку едноставно колку што многумина го замислуваат. Една мајка ги споделува лекциите кои самата ги научила од своето искуство со првото дете, па нема да ги повтори со второто.

Нема да имам толку посетители по породување

По породувањето бев исцрпена и ми требаше време само за мене, моето дете и партнерот. По породувањето дојдеа многу луѓе, а јас само гледав и си мислев: Одете си, оставете ме да спијам!

Ќе бидам поопуштена

Со првото дете реагирав на секој плач – и дење и ноќе. Со второто дете ќе бидам поопуштена. Сега знам дека бебињата понекогаш само се јавуваат и продолжуваат да плачат, а нема да му биде ништо ако не дојдам за минута или две.

Нема да се трудам се’ да направам сама

Ми беше тешко да му дозволам мојот партнер или кој било друг да ми помогне. Чувствував дека се’ морам да направам сама и тоа беше исцрпувачки. Се обложвуам дека со другото дете ќе им дозовлам на другите да ми помагаат, а ако не не ми понудат помош, ќе бидам храбра и самата ќе им побарам.

Нема да ја спакувам половина куќа кога ќе одам на краток пат

Во куферите ставав речиси се! Со второт дете нема да ја направам сличната грешка, ми требаат само основни работи – пелени, марамици и храна.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close