MAMA

Важно! Како една мајка во аква-паркот ми ги отвори очите

Најважно е да се сакаме онакви какви што сме.

Еден летен ден една мајка со нејзиниот сопруг решиле да го искористат топлото време и да отидат во аква-парк. Веднаш штом децата го слушнале разговорот, играта престанала и почнале да се подготвуваат за заминување. Аква-паркот имало доста интересни работи за деца – голема печурка со водопад, жаба која плука вода, тобогани, бранови и што уште не.

Нивното второ дете, девојче, имало околу една година, па жената имала овиснати гради, стрии на стомакот и повеќе опуштена кожа и вишок килограми. Таа била свесна за тоа, па не ѝ бил потребен и коментарот на една келнерка од ресторанот во кој често оделе… Имајќи го тоа на ум, внимателно избирала што ќе облече кога ќе излезат на базен, особено да ги покрие тие проблематични зони. Ниту еден костим за капење не покривал доволно, па решила да остане во маица.

Но, тој ден забележала есна друга мајка, на средина од детскиот базен, во тиркизно-син костим за капење, со своите деца. Видела како ужива во нивната игра, како ги полни кофите со вода и трча со нив, се смее и не се грижи кој што ќе каже за неа. Се грижела единствено за тоа како овој ден да го направи незаборавен за своите деца и за себе. Оваа жена ѝ завидувала и се срамела од себе во тој момент, скриена од туѓите погледи, под чадорот, во широка маица, додека мажот си играл со нејзините деца.

Па тогаш ја фрлила маицата, потрчала кон прскалките и почнала да си игра со своите деца. Од срце се смеела колку била глупава што дозволила да ѝ надвладее срамот и да ја спречи да ужива во играта со своите деца. Тогаш го засакала своето тело, можеби порано била речиси совршена, но нејзиниот живот не бил исполнет со толку смеа.

Тој ден во аква-паркот оваа жена ќе го памети долго. Повеќе не носи широка маица и секогаш кога ќе се сети на таа прекрасна мајка, си спомнува дека ѝ дала добра и важна лекција, а со тоа да ѝ биде пример и на нејзината ќерка.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close