MAMA

Откако мајките ќе родат второ дете, добро е да им ги дадете овие работи, со нив ќе ги направите најсреќни

Второто дете пристигна, а на мама ѝ се потребни овие работи.

Кога прв пат ќе станете мајка, преплавени сте со алишта, разна опрема за бебе и играчки кои ги има толку многу што можете да наполните цела куќа. Но, кога втор пат ќе станете мајка, едноставно ги сакате само овие работи…

Уште еден пар раце

Второто бебе носи дополнителни обврски. Понекогаш едноставно ви требаат уште еден пар раце кои ќе ви помогнат да го исчистите сокот кој вашето поголемо дете го истурило на подот, а вие се обидувате да го нахраните новороденчето, а притоа да ги ставите алиштата за перење.

Едноставна храна

Времето за оброци почнува да изгледа целосно поинаку кога во куќата имате две мали усти кои треба да ги нахраните. Приготвувањето разни кашички и оброци бара многу време, а сепак, не сте сигурни дали тоа ќе му се допаѓа на детето… а мама? Па, таа е среќна ако успее на брзина да земе и едно залаче леб.

Сон

Аххх… ова сигурно ви звучи познато, но се работи за едно одамнешно време. Уморот е премногу благ збор кој може да опише како се чувствувате. Добри пријатели се оние кои ви се понудуваат да го одведат постарото дете во парк, барем еден час, но и бебето на шетање е тоа е голем подарок кој навистина ви треба!

Држање на бебето

Понекогаш е прекрасно да го имате бебето до себе, она мало суштество кое не може да биде одвоено вас ни минутка. Но, понекогаш пак за промена сакате да направите нешто со двете раце, па очајно ви требаат уште две раце кои ќе го придржат бебето додека вие ги извршувате обврските смирено и без напор.

Чистење на куќата

По доаѓањето на второт бебе, купот нечисти алишта постојано се зголемува (неверојатно, но вистинито!). Да не ги заборавиме и нечистите садови и бањата која повремено ја зачистувате со влажнимарамчиња (затоа што сега се секаде околу вас). Кога само некој би се понудил да ви направи едно убаво, генерално чистење!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close