MAMA

Духовит попис: Неколку причини зошто мајките доцнат

Оправдувањата на мајките најчесто се вакви...

Џени Исенман е блогерка и мајка на две деца. На својот блог споделува работи поради кои мајките секогаш доцнат.

Нејзините оправдувања најчесто се вакви:

1. На мојата ќерка и’ сметаат чорапите.

2. Не можев да ги најдам клучевите, а ми беа во џебот.

3. Одненадеш, ниту едни од нивните чевли го немаа другиот пар. Ниту едни.

4. Моите деца одеднаш станаа жедни, гладни, не знаеја што им се јаде и не знаеја какви грицкалки да земат со себе.

5. Никој не ме слушнал како реков: Ајде,  време е да тргнеме. Иако тоа го повторив дваесетина пати, со различен тон на гласот.

6. Мојата ќерка одлучи дека сега е вистинското време да има испади на бес за нешто што се случило пред неколку часа. Или пред неколку дена.

7. Моите деца се караа околу тоа кого кучето сака повеќе.

8. Моите деца се караа околу тоа која радио станица ќе ја слушаме во автомобилот.

9. На син ми му текна дека заборавил да ја напише домашната задача.

10. Мојата ќерка се пресоблече 10 пати пред да ја најде доволно модерната комбинација за неа.

11. Децата се караа околу тоа чиј јазик е подолг.

12. Пред да излеземе од дома, им текна дека им фали плишаната играчка со која никој не си играше месеци наназад.

13. Син ми падна пред автомобилот сакајќи да влезе внатре.

14. Не можев да го најдам едното дете, кое веќе чекаше пред автомобилот.

15. Ќерка ми си го скрши ноктот и плачеше цел час.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close