Новости

До 3 април овие хороскопски знаци ќе имаат можност да ги исполнат своите соништа

Девица, Водолија, Риби - вашето време е тука!

Ако можете да ја искористите својата интуиција и да дознаете што навистина сакате во животот, ова е совршено време вашите соништа да станат реалност. Меркур во знакот на Рибите трае скоро три недели и е повеќе од доволно време за да ги прекинете лошите стари навики и да донесете нови одлуки, па и да доживеете некои радикални промени во вашиот живот.

Девица

Љубовните кавги би можеле да ви бидат многу стресни, но Меркур може да ви поттикне разговори и да ви даде прилика да ги залечите своите односи. Можеби сонувате дека вашиот партнер еден ден целосно ќе ви се отвори за своите надежи и стравови, а сега е вистинската прилика да ја обновите меѓусебната доверба.

Доколку сте во токсична врска, следните три недели ќе може да ви донесат епилог во односите кои ве гушат. Кога тоа ќе се случи, слободно можете да живеете под свои услови и можеби ќе запознаете некоја нова личност.

Водолија

Ако сонувате за финансиска независност, наредните неколку недели би можеле да ве приближат кон целта. Меркур во знакот на Риби може да ви пружи можности за добивки или пак да добиете некој голем подарок со лично значење.

Иако Меркур не владее со парите, може да се работи за нешто поврзано со вредносни документи, бонус, поврат на пари или продажба на имот кој ви носи профит. Можно е конечно да се ослободите од долговите кои долго време ви претставуваат товар.

Риби

Вие сонувавте за нов почеток или за одмор, далеку од сите проблеми. Бидејќи Меркур претставува патување, ова може да биде време кога конечно ќе се решите да отидете до некое место. Во текот на наредните три недели можете да ја искористите енергијата на пролетта и себеси да си го пружите она за што долго време сонувавте.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close