Новости

Поранешната свршеница на Дарко се огласи во врска со неговата нова избраничка

Слушнав дека има девојка што личи на мене

Повеќе не сака да има ништо со него

Во медиумите се појави вест дека Дарко Лазиќ има нова девојка која наводно многу личи на Марина Гагиќ.

По овие гласини се огласи и неговата поранешна свршеница иако и самата изјави дека не сака да дава коментари за Дарко.

Фото: Инстаграм/ Марина Гагиќ, Дарко Лазиќ

„Тој е слободен човек, може да прави што сака. Слушнав и јас дека ја има таа девојка што личи на мене, но тоа за мене не е важно. Тој одамна веќе не ме интересира и ве молам повеќе не јавувајте ми се заради него“, им изјави Гагиќ на новинарите, пренесе порталот „Србија денес“.

Фото: Инстаграм/ Марина Гагиќ

Инаку, во врска со целата ситуација се огласи и Дарко. Но тој не беше среќен што овие информации кружат во медиумите.

„Моментално јас сум во странство, немам коментар за тоа. Денес е таа, утре ќе биде некоја друга. Имам поважна работа“, изјави тој, а пејачката наводно не сакала да одговори на пораките.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Подобро му е да не се враќа од Германија?

Дарко замина во Берлин каде треба да преговара за нова работа, но и да ги среди работите околу неговата преселба во оваа земја.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Неговата мајка, Бранка Лазиќ, за медиумите неодамна порача дека не сака да се меша во неговите работи, но и дека го советува да започне нов живот во Германија.

„Дарко се обидува да заработи за своите деца. Тој е посветен татко. Беше корона, не работеше, па и немаше толку, но штом ќе почне да заработува ќе им даде и на Лорена и на Алексеј, како и до сега. Ќе си дојде од Германија на неколку дена па повторно ќе се врати. Има нови планови, и јас го поддржувам во тоа. Го советувам да остане таму да живее и да не се враќа тука. Само да дојде повремено децата да ги види, мене и братот, но да не се враќа за постојано“ изјави таа.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close