Новости

БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ КОИ ПЛАЧЕА СО НАС И КОИ ПОМОГНАА НА ЛУЃЕТО ПОГОДЕНИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ: Статус кој предизвика бура од емоции!

Хрватска беше погодена од катастрофален земјотрес...

Здружението „Луѓе за луѓе“ одлучи да им се заблагодари на сите оние кои во последните денови на кој било начин им помагаат на луѓето кои ги изгубија своите домови, во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Хрватска.

Фото Фејсбук

Со својот трогателен статус на Фејсбук тие предизвикаа лавина коментари…

Нивниот статус го пренесуваме во целост:

Благодарам, луѓе.

Ви благодарам за љубовта, довербата, за секоја чоколада што ја испративте. На секоја куќа, контејнер, шатор. Секоја ваша торба за помош е вредна и важна и ви благодарам.

фото Фејсбук

Благодарам на секој волонтер. На вас кои со денови договарате помош, на вас кои не ви е тешко да возите дури и најмали ситници до друго село. Вам кои ве испраќавме во седмо село, па на тие луѓе воопшто не им треба грејач. И на вас кои возите товар  што не одговара на тој покрив.

На прекрасните луѓе кои доаѓаат од Дубровник, Вуковар, Минхен … Ви благодарам што плачевте со бабите во дворот и сфативте дека не можам да ги напуштам Милица и Шарко.

Овие ранети луѓе знаат дека не се сами, стои во статусот.

фото Фејсбук

Под објавата имаше многу позитивни коментари за оваа иницијатива.

Ви благодариме што не информиравте, водевте и инициравте. Ние сме со вас и сите заедно сме посилни. Не се откажувајте. И нас ни требате. Поздрав до сите. Држете се – затоа што и ние сме тука, е само еден од коментарите.

фото Фејсбук

За потсетување, Хрватска беше погодена од катастрофален земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала во регионот на Сисак.

Земјотресот беше почувствуван во Австрија, Унгарија, како и во регионот – Србија, БиХ, Словенија, Северна Македонија.

Инаку овој земјотрес следуваше, еден ден по земјотресот од 5 степени според Рихтеровата скала во областа Петриња.

Воедно ова беше најсилниот земјотрес што ја погоди Хрватска.

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close