Градинка
Децата треба да одберат сопствени интереси, а не оние кои ќе им ги наметнат родителите
Зошто е од пресудна важност децата да имаат одредено хоби, занимација, нешто што ги интересира?
Дејвид Шварц, лиценциран семееен терапевт, напоменува дека наоѓањето работи за кои децата навистина се интересираат, може да биде од голема помош. Не е важно за какво хоби станува збор, под услов да не е опасен за детето и за другите.
Децата кои развиваат страст и иинтереси, во адолесценцијата имаат тенденција да се здружат со личности кои имаат слични интереси, па ќе им биде помалку досадно и помалку ќе експериментираат со дрога и алкохол.
Со оглед дека пандемијата предизвикана од Ковид19 поголемиот дел од времето децата ги држи изолирани од врсниците, досадата е можно да се појавува почесто. Затоа, за децата од особена важност е да најдат нешто што ги интересира.
На пример, ако детето има љубов кон спортот, тоа ќе следи свој тим, ќе гледа спорт на телевизија, ќе собира дресови или сликички… Важно е дека интересот за спорт ќе му го одзема времето, енергијата и страста.
Но, многу пати кога децата ќе ја пронајдат својата страст, возрасните не ги разбираат и не ја гледаат нивната вредност. Обидете се да не ги отфрлате желбите на вашето дете и да ја видите истата вредност како што ја гледа и вашето дете во одредени предмети или навики.
Кога децата ќе пронајдат нешто што навистина сакаат, тогаш се развива нивната страст
Имено, децата и тинејџерите сакаат да имаат нешто што е „нивно“. Нешто што возрасните можеби не го разбираат. Важно е да имаат сопствени соништа, идеи и иинтереси со кои може да се поистоветат во животот. И тука се развива нивната страст и мотивација.
Ако сакате децата да развиваат страст, дајте им слобода да ги обликуваат своите инререси. Ако вие не ги разбирате тие интереси, не е важно, важно е детето да ги разбере.
Една од најлошите работи кои возрасните може да ги направат е да ги посрамотат или да ги омаловажат децата поради нивните интереси. Многу од најразличните интереси кои децата ги сакале пред неколку децении, станаа некои од најважните и најпрофитабилните индустрии во светот.
Затоа, во интерес на секој родител е да му пружи слобода на своето дете и да го поттикне да ги пронајде своите интереси, страст и хоби.