Кафе муабет

Aферата со Душко Тошиќ им донесе крај: Познатиот пејач си ја отвори душата- откри се за врската на поранешната сопруга со фудбалерот

Вели дека тоа се невистини...

Публиката го памети пејачот Пеџа Јовановиќ како дел од дуото Близнаци, кога направија вистински бум. Откако се ожени и основа семејство јавноста немаше можност многу да дознае за приватниот живот на пејачот, но сега тој повторно се врати на музичката сцена а колку е посветен на работата говори и фактот  што претходната година Пеџа Јовановиќ повеќе од успешно ја заврши со три големи концерти.

фото Фејгбук/Пеџа Јовановиќ

Неговата кариера е во нагорна линија, а приватниот живот интригира многумина.

фото Фејгбук/Пеџа Јовановиќ

Како гостин во специјалната емисија „Исповед на Пеџа Јовановиќ“, пејачот кој пред извесно време се разведе од сопругата Ана Јовановиќ, која медиумите своевремено ја поврзуваа со Душко Тошиќ, ја отвори душата и раскажа како дошло до колапс на љубовта за која верувал дека е за цел живот.

фото инстаграм/Ана Јовановиќ

– Не сакам многу да зборувам за мојот приватен живот, но што се однесува до емотивниот план, можам да кажам дека сум среќен – вели Пеџа Јовановиќ и открива дали останал во контакт со поранешната сопруга:

фото инстаграм/Ана Јовановиќ

– Со Ана разговарам секој ден. Таа е одлична личност.. Во целата приказна, нашата разделба е по моја вина. Во периодот кога тотално го изгубив компасот, пиев премногу и таа веќе не издржа и не треба да издржи. Никој не треба да го трпи тоа. Значи причината што се разведовме беше тоа што бев неподнослив – тврди пејачот.

фото инстаграм/Ана Јовановиќ

За наводната афера на Ана Јовановиќ и фудбалерот Душко Тошиќ на големо се зборуваше и пишуваше, а Пеџа тврди дека трето лице не било вмешано во врската со поранешната сопруга.

фото Фејгбук/Пеџа Јовановиќ

-Се разведовме, таа жена има право да го живее својот живот. До ден денес ја поддржувам во се. Што се однесува до таа тема, ни сега не сакам да коментирам, можам само да кажам дека се е во најдобар ред и дека тоа се невистини.

фото Фејгбук/Пеџа Јовановиќ

По пропаѓањето на љубовта, Пеџа Јовановиќ сфатил дека е крајно време да го промени животот и да ја искористи новата шанса што му се појавила, а се однесува на неговата кариера.

фото Фејгбук/Пеџа Јовановиќ

– Господ ми даде шанса да направам нешто сега и нема простор за несериозност. Сакам да бидам попрофесионален на работа, да бидам подобар родител и да го живеам животот како што треба – заклучил тој.

фото Фејгбук/Пеџа Јовановиќ

Инаку и разводот на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша се уште е тема број еден во медиумите. Пејачката во неколку наврати истакна дека не се работи за трето лице во нивната врска но сепак медиумите не престануваат да го поврзуваат Душко со атрактивни девојки, меѓу кои беше и поранешната на Пеџа.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close