Кафе муабет

И по насилството тој е насмеано момче: Вака изгледа Илија, тринаесетгодишниот син на Саша Јоксимовиќ (ФОТО)

Го преброди тешкиот период...

Синот на Саша Јоксимовиќ и неговата сопруга Невена, тринаесетгодишниот Илија, пред извесно време се најде во центарот на вниманието откако неговиот татко јавно проговори за насилството што неговиот син го доживеал од врсниците.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Актерот кој сакаше да апелира до родителите, за да спречат повеќе вакви ситуации и јавно го кажа проблемот на својот син.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

– Едно прашање син ми често си игра со другарите во паркот Чубурац. Пред седум дена беше нападнат од дете Ром, кое му се закануваше дека ќе го претепа со „боксови“… а јас веднаш отидов во Чубурац и го најдов со други мали Роми. Син ми го препозна, му приоѓам, му велам дај ми го тој бокс сега, а малиот Ром вели дека се шегувал и дека повеќе нема да се шегува така. Тоа е тоа, денеска повторно помина во Чубурац, син ми беше со другарите во паркот и малиот Ром со уште 30 други, се закануваше, бараше пари, повторно со боксови се закануваше, метални шипки… синот и другарите го напуштија паркот, но тој ,првиот Ром го следеше со метална шипка некое време. Сега, јас не сум расист, познавам многу Роми, но овие се проблематични. Може ли пак да одам во паркот, да му удрам шамар, да ја растерам бандата или е нелегално? Што да се прави? – напиша Јоксимовиќ, што предизвика низа од поделени коментари.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Како што посочи овој немил настан се случил во паркот Чубурац во близина на станот во кој живее актерот со семејството. Бидејќи наследникот му се пожалил и ја раскажал целата приказна, Саша решил да интервенира и да го побара момчето кое се обидело да го повреди синот. За жал, тоа што тој отишол во одбрана на својот син да поразговара со насилникот, не ја промени многу ситуацијата, па следниот ден Илија повторно се нашол во опасност.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Но сега синот на Саша Јоксимовиќ, со љубовта и поддршката од родителите успеа да го преброди тешкиот период, а неодамна родителите го претставија пред јавноста. Денес Илија е среќно момче опсипано со внимание, а откако Саша ја смени бојата на косата, двајцата изгледаат сосема идентично, додека момчето многумина го опишуваат како вистински татин син.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close