Кафе муабет

Ќерката на Снежана Ѓуришик е вистинска убавица- не се појавува јавно, живее во Америка и погледнете како изгледа!

Каква мајка, таква ќерка...

Снежана Ѓуришиќ во неколку наврати јавно зборуваше  за својата ќерка која неверојатно потсетува на неа.

– Таа е физички далеку, но секогаш е тука. Таа е мајка на две деца. Таа има прекрасен сопруг и деца. Тие живеат во Њујорк. Пее убаво – рече Снежана во една прилика за „Ало“.

– Фала му на Бог за технологиите, што можеме да се гледаме и слушаме кога сакаме, и тоа ги намалува грижите. Не би знаела како да ви објаснам, освен дека моето воспитување, па дури и мојата вера, едноставно диктираат дека помошта е нешто што вие го правите за да помогнете – не за да се чувствувате добро – неодамна изјави Ѓуришиќ за „Курир“.

Славната пејачка Снежана Ѓуришиќ и нејзината ќерка Маја премногу си наликуваат, а мајката на неа е многу горда и покрај тоа што нејзината ќерка не тргна по стапките на мајка си, поточно не се посветила на музичката кариера.

На еден солистички концерт на Снежана пред неколку години, нстапи и Маја и покажа дека одлично пее, но за брзо се откажа од музчката кариера.

Снежана во последно време беше актуелна со нејзинот приватен живот, па во една емисија имаше прилика да открие многу работи за кои досега не сакаше да открива.

 

Foto: E-Stock

Таа откри дека еднаш во училиште се истепала, па шокираше со изјавата  дека Тито и помогнал.

 

– Вистина е, бев џудист, спортист. Постои нешто што сакам да кажам и на што сум горда, не сум горда што се тепав, но Боже мој, мене ми беше жак и секогаш прва приоѓам и на тоа сум многу горда.
Навстина, мојот идол беше Лепа Лукиќ. Знам дека како дете на 11 години пеев на прославата на роденденот на Тито, тоа гостување ми го олесни животот кога е во прашање кариерата.

Татко ми не можеше да добие прекоманда за Белград, а во Краљево немаше средно музичко школо. Тогаш како девојче бев поканета да ја пресечам тортата на Тито, седнав тука покрај него и ме праша, каде живеам, што ми работи татко ми, јас му кажав се што сакав, дека татко ми не може да добие прекоманда и од тогаш татко ми доби прекоманда.

Јас не бев свесна за тежината бидејќи јас бев дете, децата немаат страв. Тоа ми помогна да се образовам, благодарна сум на Бога и на претседателот, рекла Снежана.

Потоа раскажала за своите деца и внуци.

– Се омажив на 18, 36 години бев во брак, имам две деца. Покојниот сопруг беше хармоникаш и работата нас не запозна и не зближи.

Во неколку ресторани помеѓу Шабац и Лознице, тука сум гостувала, се запознавме, се слушнавме, излеговме. Моите не беа за тоа да се омажам, но кога дете ќе науми, подобро немојте да браните.

Јас така се однесував и кон моите деца, имам ќерка и син, тие имаат по две деца, тие се причината за мојот живот.

 

Јас не сум баба која се дозволува. Да си родител е одговорност, а баба е друго, одговорноста е на родителите, јас им помагам на родителите и не го расипувам тоа што они го сакаат, но секако уживам со нив на начин за кој не го знаев.

Колку Снежана ги сака своите внуци сведочат и фотографиите кои таа ги објавува на социјалните мрежи.

Таа ужива кога го поминува времето со нив како и секоја друга баба.

Најголеми главоболки во последните години и зададе нејзиниот син Марко Гвозденовиќ кој на јавноста е познат како проблематичен кој до неодамна беше и во затвор.

 

– Мојот син сака да пие, и направи сообракајка. Тоа беа страшни денови, поготово за семејството на девојката која за гина.

 

 

Ја продадов куќата за да ги платам потребните трошоци. Мојот син се уште не се врати на својот живот, изјавила Снежана во 2016 година.

 

– Марко е мое дете, каков и да е – мој е. Можам да кажам се и сешто за него, но секој друг кој ќе каже исто, ќе има работа со мене.

– Направи многу грешки и сега плаќа за тоа што го направи како и сите други кога ќе направат нешто погрешно. Како мајка сето тоа ми паѓа тешко – вели Снежана.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close