Кафе муабет

Aнастасија плаче од среќа- погледнете што доби од нејзиното момче за шест месеци врска: Тој е вистински џентлмен! (ФОТО)

Заљубени и среќни...

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ половина година ужива во љубовна врска со фудбалерот Немања Гудељ.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Таа сега на својот Инстаграм профил ја покажа својата романтична страна и објави неколку спомени со Гудељ, меѓу кои и заедничка фотографија од нивниот одмор во Ибица кој беше подарок од него за нејзиниот роденден.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Ражнатовиќ по повод шест месеци од љуовната врска доби голем букет рози со специјална порака, а сега реши да ја објави јавно фотографијата на која се гледа подарокот и ги воодушеви своите следбеници.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

„Те сакам“, беше испишано со белите рози во букетот, а нема сомнеж дека пејачката ужива во новата врска.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Инаку, Анастасија неодамна откри дека не е во врска на далечина, туку дека има два дома, едниот во Србија, а другиот во Шпанија, каде што игра нејзиниот избраник.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Тие веќе некое време уживаат во љубовта, а дека имаат големи планови за иднината покажува и фактот што сакаат да започнат заеднички живот.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Немања Гудељ поради кариерата моментално живее во Шпанија, а пејачката често патува таму за да помине што повеќе време со својот сакан.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Колку таа го поддржува фудбалерот сведочи и нејзиниот наводен договор да се пресели со фудбалерот во Турција, каде српскиот репрезентативец доби одлична понуда.

фото принтскрин

Без разлика дали станува збор за Белград, Севиља, Ибица или некоја друга дестинација, заљубената двојка ужива во секој заеднички момент.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Колку се заљубени тоа не мора никому да го признаат затоа што тоа им се гледа на лицата. Уште од првиот ден кликнаа и на сите им беше јасно дека овој однос ќе биде поинаков– изјавил неодамна извор близок до Гудељ, пренесува „Блиц“.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

За тоа колку е сериозна и стабилна нивната врска, неодамна истакна извор близок до парот откривајќи дека пејачката и фудбалерот планираат да започнат заеднички живот во Турција.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Имено, како што објаснува соговорникот, спортистот добил одлична понуда од фудбалски тим, а Анастасија докажала дека е негова најголема поддршка кога се согласила да се пресели на Босфор со своето момче.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Гудељ доби понуда да се пресели од Севиља во редовите на актуелниот турски шампион, тимот на Трабзон. Неговиот сегашен тим е подготвен да го продаде за огромна сума, моментално се водат преговори, а многу е веројатно дека Немања следната сезона ќе се пресели на Црното Море поради деловните обврски – ја започна приказната изворот, кој потоа откри дека со него ќе замине и наследничката на Цеца.

Фото Инстаграм/Анастасја Ражнатовиќ

– Немања и Анастасија се во сериозна врска и планираат заедничка иднина. Таа беше првата личност на која и кажа дека добил понуда од турскиот прволигаш и и објасни дека е многу веројатно следната година да ја напушти Шпанија. Ја прашал дали би сакала да ги спакува куферите и да замине со него. Се договориле прво да оди во Турција, а кога ќе се смири и ќе се вклопи во околината, ќе му се придружи и Таша – открил соговорникот кој истакнал дека Ражнатовиќ не планира да ја запостави музичката кариера.

ФОТО: Анастасија Ражњатовиќ / Инстаграм

– Анастасија не планира да се откаже од пеењето. Свесна е дека за да напредува во работата треба многу време да минува во Белград бидејќи тука се сите нејзини колеги и кариерата најдобро ќе ја води од Србија. Исто така, таа е многу врзана за семејството, мајката, братот и внукот Жељко, а одлучила постојано да биде на релација Белград-Турција за да го поддржува своето момче, но и да продолжи со сопствениот раст. Верува дека тоа ќе биде добар тест за нивната врска, била свесна дека сериозна врска со спортист бара одредени жртви и верува дека ќе може да се снајде со тоа темпо на живот – заклучил соговорникот.

Фото Инстаграм/Анастасја Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close