Кафе муабет

“Ураганката” е бремена- Атрактивната русокоса чека бебе со познат политичар?

Ја крие веста од јавноста...

Ивана Николиќ, членка на групата „Ураган“, по која лудуваат многу мажи, за жал повеќе не е слободна.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Наводно атрактивната пејачка го завела поранешното момче на пејачката Едита Арадиновиќ, хирургот и политичар Андреј Бајец со кој сега чека бебе, дознава Република.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Николиќ наводно не сака да се дознае во јавноста дека е бремена, па планира да ја крие новоста додека не се забележат промени.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

-Ивана и Андреј не се разделуваат и се гледа дека љубовта цвета. Одлично и е со него, ја држи како малку вода на дланка, а се шпекулира дека е бремена, сепак на другарките се уште ништо не им потврдила, иако тие први се посомневале. Од нејзината насмевка сфатија дека најверојатно се е вистина, но нормално е дека во таа фаза од бременоста не се кажуваат работите ниту на најблиските. Неодамна беа видени заедно ноќта на денот на изборите, беа поблиски од кога и да било, а Ивана постојано се обидуваше да се сокрие од папараците и припадниците на седмата сила – открил извор близок на пејачката.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Да потсетиме, откако се запознаа Андреј и Ивана се во хармонична врска, но таа целосно ја почитува неговата одлука да не се појавуваат во медиумите. Андреј постапувал слично и кога бил во врска со Едита. Причината за тоа е што Бајец се уште бил официјално во брак со сопругата со која има и син, иако не живееле заедно.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Инаку Ивана важи за една од најубавите српски пејачки и е една од најзгодните на естрадата, па не не чуди што каде и да се појави плени со својата атрактивност, а често и со провокативниот изглед.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Уште од појавувањето на јавната сцена се издвојуваше со својот изглед, а често беше мета на коментари поради естетските зафати што ги направи на себе, за кои сега зборуваше и откри дали се кае за нив.
Ивана често пати беше мета на критики затоа што повеќе не личи на себе поради естетските зафати, а таа откри дали некогаш се покајала за некоја операција.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Јас сум Овен во хороскоп и сакам сè да е совршено. Ете, ги поправив само носот и устата, рече таа неодамна за српските медиуми, по што и сподели фотографии од пред и после операциите.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

– Не жалам. Нема причина за тоа, го поддржувам секој што работи на себе, на кој било начин – рече Ивана.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Ивана многу се грижи за својот изглед, па затоа секојдневно посетува теретана. На прашањето дали момците и приоѓаат во теретана, Ивана одговори:

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

– Има различни ситуации, но јас имам личен тренер кој го води целиот мој тренинг, така што немам никакви проблеми со тоа.

ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм
ФОТО: Ивана Николиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close