Кафе муабет

Шако Полумента сподели убави вести: Пејачот не може да ја сокрие среќата- честитки пристигнуваат од сите страни!

Стана дедо по втор пат...

Пејачот Шако Полумента со своите следбеници на социјалните мрежи сподели убава вест. Имено тој соопшти дека стана дедо, а по тој повод се огласи на својот Инстаграм профил.
Имено, тој објави фотографија на која напиша:

фото инстаграм
фото инстаграм

– Кога ќе добиете внука, тогаш целиот свет е ваш. Тоа е посебен живот, па да се потсетиме и да ги овековечиме моментите што значат живот, реалност, достигнување и цел – напиша Шако.

„Добредојде на Ирија“, напиша тој.

фото инстаграм

Ракометарот Алекса Колаковиќ се ожени со помладата ќерка Ријана, на Шако Полумента.

фото инстаграм

Пејачот со тешко срце, но сепак задоволен од среќата на својата мила, му ја подаде раката на Ријана на синот на  Игор Колаковиќ, поранешен тренер на одбојка во Србија. Младенците го започнаа својот заеднички живот во Франција, каде што игра зетот на Шако Полумента и веќе две години игра во нивниот прв тим.

фото инстаграм

– За мене е најважна среќата на моите ќерки Ријалда и Ријана и синот Адис, како и внуката Мелани, па затоа никогаш не би им застанал на патот. Ова го велам затоа што син ми требаше да направи голема венчавка, која ја одложивме поради короната, а Ријана и Алекс не сакаа да чекаат. Разбирам дека тоа е поради неговите деловни обврски затоа што игра во Франција и тој сакаше да ја земе Ријана со себе. Од друга страна, морав да ја испратам весело и да договорам венчавка, иако многу помала отколку што ќе беше ако не беше пандемијата – рече Шако за Телеграф.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Шако скоро 30 години е во брак со Весна Полумента со која има три деца. Како и во секој брак и кај нив има подеми и падови, но Весна остана да биде сопруга во сенка која му ја дава најголемата поддршка на пејачот, дури и кога со докази е јасно дека тој се додворува на млади девојки.

фото инстаграм
фото инстаграм

Шако вели дека Весна е неговиот најдобар пријател во се, а немало да постигне толку ако не била таа до него. Меѓу неговите ретки семејни фотографии, се појавија и такви со сопругата.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Тие зад себе имаат еден развод!

Шако и Весна зад себе имаат еден развод, а земајќи го предвид поприлично бурниот живот на шејачот не е ни чудно зошто дошло до такво нешто. Имено, тие се разделија во 2010 година, за да по три години подоцна пејачот повторно и се врати тврдејќи дека всушност никогаш не заминал од неа.

фото инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close