Кафе муабет
Фаталната “Ураганка” откри се за естетските корекции, по неа полудеа мажите, но еве како изгледала претходно (ФОТО)
Ивана многу се грижи за својот изглед, па затоа секојдневно посетува теретана...
Ивана важи за една од најубавите српски пејачки и е една од најзгодните на естрадата, па не не чуди што каде и да се појави плени со својата атрактивност, а често и со провокативниот изглед.
Ивана Николиќ, членката на групата „Ураган“, уште од појавувањето на јавната сцена се издвојуваше со својот изглед, а често беше мета на коментари поради естетските зафати што ги направи на себе, за кои сега зборуваше и откри дали се кае за нив.
Ивана често пати беше мета на критики затоа што повеќе не личи на себе поради естетските зафати, а таа откри дали некогаш се покајала за некоја операција.
Јас сум Овен во хороскоп и сакам сè да е совршено. Ете, ги поправив само носот и устата, рече таа неодамна за српските медиуми, по што и сподели фотографии од пред и после операциите.
– Не жалам. Нема причина за тоа, го поддржувам секој што работи на себе, на кој било начин – рече Ивана.
Ивана многу се грижи за својот изглед, па затоа секојдневно посетува теретана. На прашањето дали момците и приоѓаат во теретана, Ивана одговори:
– Има различни ситуации, но јас имам личен тренер кој го води целиот мој тренинг, така што немам никакви проблеми со тоа.
Ивана еднаш сподели својата стара слика, која покажува како изгледала пред осум години. Од оваа фотографија, ретко кој верува дека имала “само“ две естетски операции.
Неодамна членовите на групата „Ураган“ доживеале непријатна ситуација на настапот, а како што откри Ивана, досега не доживеале ситуации кои биле многу непријатни, туку дека речиси на секој настап им се случуваат интересни ситуации.
– Досега немало ништо што било многу непријатно. Пред некој ден имавме убава ситуација на еден настап, каде што еден тип го зема микрофонот на Сања и пееше. Беше весел и немаше лоши намери. Се на се, досега секогаш се било во ред – изјавила Ивана за Блиц.
Неодамна екипата на емисијата „Papraco lov“ ја снимила со нејзиното момче, но Ивана не била расположена да го коментира нејзиниот приватен живот.
Групата Ураганки се здоби со дополнителна популарност со учеството на Евровизија, за што сведочи и фактот дека Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ беа букирани до крајот на летото, кога станува збор за настапи и концерти. Сепак, цената на нивните настапи веќе не е иста.
Ураганите, сега пеат скоро двојно повеќе од хонорарот, односно, наводно, за еден настап земаат до 8.000 евра.Инаку песната Локо Локо беше напрвена од нашиот композитор Дарко Димитровски.
Дарко Димитровски долги години работи со српскиот пазар, а дека реди успеси доказ беше и настапот на Евровизија на Ураганни.