Кафе муабет

,, СИНЕ МОЈ ТЕ ЧЕКА МНОГУ ПОТ И БОРБА’’- Тајзи славеше роденден

Тајзи го прослави роденденот...

 

Драган Величковски Тајзи од Куманово повеќе од десет години е успешен на македонската естрадна сцена.

Фото:Тајзи/Инстаграм

Величковски е попознат под името Тајзи и важи за еден од најдобрите рап изведувач во нашата држава, а неговите текстови се вистинско ремек дело.

Фото:Тајзи/Инстаграм

Тајзи беше дел од дуото Скипи и Тајзи (Skipi & Tyzee). Роден е во Куманово, а својата кариера ја започнува како дел од аматерска рап група 120ка.

Фото:Тајзи/Инстаграм

Неодамна за Денот на ослободувањето  на Куманово, на Градскиот плоштад  пред публиката од над 30.000 луѓе популарниот Тајзи одржа феноменален концерт.

Фото:Тајзи/Инстаграм

Многу омилен кај најмладата публика, кумановскиот поп-рапер Драган Величковски со прекарот Тајзи повторно изненадува. По балканската преработка на револуционерната италијанска песна „Бела чао“, во која ја прикажува суровата реалност во која што живееме, Тајзи има нова добра песна насловена како „Иронија“ од истоимениот нов албум.

Фото:Тајзи/Инстаграм

Пејачот пред неколку дена го прослави својот роденден.

Фото:Тајзи/Инстаграм

,,Сине мој, те чека многу пот и борба’’ – напиша Тајзи во објавата на Фејсбук.

Фото:Тајзи/Инстаграм

,,21.12 Денес ми е роденден. Ви благодарам за сите убави пораки и за се што правите за мене добри луѓе” – се заблагодари Тајзи на своите обожаватели и фанови.

 

Фото:Тајзи/Инстаграм

Драган Величковски Тајзи  има повеќе од дваесет песни со милионски прегледи и не прекинува пријатно да ја изненадува својата публика повеќе од 12 години колку што е присутен на македонската естрадна сцена. Кумановскиот „бунтовник со причина“ како што го етикетираат многумина, борец за еднаквост и социјална правда, пред Нова година најавува уште една нова интересна песна.

Фото:Тајзи/Инстаграм

Фото:Тајзи/Инстаграм

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close